Линкови за пристапност

Републиканците на конвенцијата зборуваат на домашни теми - 2004-08-31


Републиканската конвенција денеска го насочува вниманието кон на домашни теми, еден ден откако лидерството на претседателот Буш беше фалено во однос на глобалната војна против тероризмот.

Гувернерот од Калифорнија и познатиот актер Арнолд Шварценегер денеска ќе застане на подиумот на Медисон Сквер Гарден додека Републиканците ќе ја нагласат темата: Сочувствителни луѓе.

Господинот Шварценегер, кој за прв пат беше избран за јавна функција минатата година, со победа на изборите за гувернер по отповикувањето на дотогашниот калифорниски гувернер, работеше на Специјалната олимписка програма за хендикепирани, и беше постојан адвокат за фитнес. Тој се очекува да зборува за неговото лично искуство како имигрант од Австрија кој стигнал до слава и богатство во Америка и сега ја води најнаселената држава во САД.

На делегатите ќе им се обрати и првата дама Лора Буш, поранешна библиотекарка која работела на промовирање на писменоста и образованието во САД. Зборувајќи на телевизиската емисија Добро утро Америка, на мрежата ЕјБиСи, госпоѓа Буш кажа дека ќе даде своја перспектива на тоа зошто нејзиниот сопруг заслужува втор мандат на функцијата.

"Мислам дека има карактер и интегритет и решителност да биде претседател во тешки времиња. Сакам да зборувам за лични работи, за моменти кога имав прилика да го видам кога други не можеле, во време кога се соочуваме со овие тешки предизвици.", изјави госпоѓа Буш.

Вчера дел од Конвенцијата беше посветена на жртвите и хероите од терористичките напади на 11 септември 2001.

Сенаторот од Аризона Џон МекКејн беше еден од говорниците кои го бранеа раководењето на претседателот Буш во контекст на одлуката да се изврши инвазија на Ирак минатата година.

"Нашиот избор не беше меѓу бениген статус кво и крвопролевање во војна. Тој беше меѓу војна и поголема закана. Не дозволете никој да ви каже нешто друго. ", рече господинот Мекејн.

Поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани исто така го поддржа господинот Буш за начинот на кој тој одговорил на потребите на градот по 11 септември.

XS
SM
MD
LG