Линкови за пристапност

Експлозија во Кабул - 2004-08-30


Талебанската паравојска во Авганистан презеде одговорност за вчерашниот бомбашки напад во Кабул, при што загинаа најмалку девет лица. Талебан вети дополннителни напади пред одржувањето на претседателските избори во земјата. Американските и авганистанските претставници водат заедничка истрага за инцидентот.

Авганистанските и американските воени претставници потврдија дека во нападот, кој наводно целел на канцеларијата на американска компанија за обезбедување во централен Кабул, загинале тројца Американци, три лица од Непал и три локални жители.

Компанијата Данкорп обезбедува телохранители за авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и помага при обуката на националната полиција.

На прес-конференција во авганистанскиот главен град, портапролот на коалицијата под американско водство, мајорот Скот Нелсон, го осуди нападот и рече дека бројот на жртвите се зголемува.

„Продолжува истрагата по инцидентот. Не знаеме колкав ќе биде бројот на жртвите. Длабоко сме шокирани и потресени. Сметаме дека ова е кукавички акт“, рече тој.

Меѓународните работници во Кабул се предупредени да бидат внимателни, додека американската амбасада ги советуваше американските државјани да избегнуваат јавни собири.

Талебанската паравојска презеде одговорност за нападот во Кабул и вети дополнителни напади со цел да ги попречи претседателските избори во Авганистан, закажани за 9 октомври.

Со инвазијата под американско раководство кон крајот на 2001-та, Талебан беше соборен од власт, но неговите следбеници се прегрупираа и продолжија да изведуваат зачестени напади врз локални и странски објекти, како и врз хуманитарни работници и лица кои работат на подготовките на изборите.

Анти-терористичките трупи предводени од американската армија ги гонат овие милитанти во обид да ја подобрат безбедноста во Авганситан.

XS
SM
MD
LG