Линкови за пристапност

Погубувањата во Иран - 2004-08-30


Според организацијата за човекови права Амнести Интернешенал, иранските власти егзекутирале 16годишно девојче за, како што било објаснето, „дела против честа“. Иранските власти велат дека Атегај Раџаби имала 22 години, но нејзината лична карта покажува дека имала само 16 години. Амнести Интернешенел вели дека таа на 15 август била јавно погубена со бесење во северниот ирански град Нека.

Не се познати многу детали за случајот, но наводно г-цата Раџаби била обвинета за проституција. И додека таа била осудена на смртна казна, според Амнести Интернешенал, неименуваниот маж кој бил фатен заедно со неа бил казнет со 100 камшици а потоа бил ослободен. Амнести интернешенал наведува и дека се смета оти г-ѓица Раџаби не била ментално здрава и оти не и бил дозволен правен застапник.

Како што јасно се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права, народот во Иран нема право на чесен судски процес. Оние кои стануваат цели на радикалниот исламски режим се жртви на цитираме „погубувања по куса постапка, исчезнувања, тортури и друг потценувачки одно ... на лоши затворски услови, самоволни апсења и продолжителни притвори без право на контакт“. Во иранскиот свештенски режим злоупотребите на човековите права на жените се уште поголеми. Меѓу другите неправди, во судските процеси, сведочењето на жената вреди половина од она на мажот.

Радикалните свештеници кои управуваат со Иран предизвикуваат голем очај и страдања за земјата и за народот. Но Иранците будно ќе го следат процесот на придвижување на Ирак и Авганистан кон демократијата. Како што вели претседателот Џорџ В. Буш, ова посебно се однесува на младите луѓе:

"... младите, темпераментни професионалци кои сакаат да бидат слободни. Тие се прашуваат дали ќе имаат можност да бидат слободни, или не“, рече тој.

Во Иран, вели г-динот Буш, „изморените, дискредитирани автократи се обидуваат да ја спречат демократската волја на генерацијата што доаѓа“. Многумина Иранци велат дека побрзо или подоцна, слободата и владеењето на правото ќе дојдат во Иран. А, Американците, вели претседателот Буш, „ќе сторат се што е во нивна моќ да им помогнат да го почувствуваат благословот на слободата“.

XS
SM
MD
LG