Чеслав Милош, интелектуалец и морален херој на 20-от век, почина на возраст од 93 години во неговата татковина, Полска. Во делата на господинот Милош остро се критикува комунизмот, но има и прекрасна поезија. Тоа ги инспирираше членовите на движењето во синдикатот Солидарност, што помогнааа за соборување на советскиот режим во Полска, што иницираше мирно отфрлање на комунизмот во источна Европа и во поранешниот Советски Сојуз.
“Тој не инспирираше, не охрабруваше и ни даваше сила“, вели Лех Валенса, водачот на Солидарност и поранешен претседател на Полска. “Тој припаѓаше на генерацијата благородници, на големи личности“.
Чеслав Милош беше роден во 1911 година во полско семејство во Литванија, која заедно со Полска, Латвија и Естонија, тогаш била дел од руската империја. Тој студирал класични јазици и право на Универзитетот во Вилнус и добил стипендија да студира литература во Париз. Кога нацисатичка Германија и Советскиот сојуз ја започнаа Втората светска војна со инвазијата на Полска во 1939 година, господинот Милош работел за Полското радио во Варшава. За време на нацистичката окупација, работел во Универзитетската библиотека во Варшава и пишувал за анти-нацистичкото подземје. Во една од најпознатите негови поеми од тоа време, “Бедниот христијански поглед на Гетото“, се опишуваат ужасите на нацистичкиот прогон на послките Евреи.
По Втората Светска војна, Чеслав Милош се вклучил во полската дипломатска служба. Но неговото длабоко несогласување со комунизмот довело до тоа да пребега во Париз во 1951 година. Две години подоцна ја издал книгата “Заробениот ум“, во која се опишува како комунизмот ја уништува независноста на интелигенцијата. Во 1960 година, господинот Милош станал професор по литература на Универзитетот Беркли во Калифорнија. Покрај предавањата и пишувањето, тој превел на полски јазик делови од Стариот и Новиот Завет во Библијата, како и англиска и француска литература. Во 1980-та му била доделена Нобеловата награда за литература.
По соборувањето на комунистичката власт во 1989 година, Чеслав Милош се вратил во Полска, каде што бил пречекан како херој. Стиховите од една негова поема се врежани во споменикот во Гдањск за работниците кои ги убила полицијата во почетокот на 70-те години. Стиховите се: “Вие кои ги повредувате обичните луѓе, не се чувствувајте безбедни, затоа што поетот памети“.