Линкови за пристапност

Поранешниот шаховски шампион Боби Фишер бара начини за излегување од притвор од Јапонија - 2004-08-19


Ексцентричниот шаховски гениј има намера да се откаже од американското државјанство, да добие германски пасош и да се ожени со Јапонка. На прес-конференција, неговите поддржувачи кажаа дека се надеваат оти со овие чекори ќе се спречи да биде депортиран.

Господинот Фишер е обвинет од САД дека ги прекршил меѓународните санкции против поранешна Југославија затоа што таму одиграл меч во 1992 година против неговиот противник Борис Спаски.

Неговиот адвокат, Масако Сузуки, зборуваше на прес-конференцијата во Токио.

„Играта е завршена. Барам од јапонските имиграциони власти веднаш да го ослободат. Оваа изјава од него денеска ја добив по телефон“,вели таа.

Неговата свршеничка, претседателот на Јапонската шаховска асоцијација, Мијоко Ватаи, вели дека со години живеат заедно и дека свршувачката не е измама.

„Ова на многу начини личи на партија шах. И да, јас сум пион. Но, се разбира, во шахот, имаме правила, според кои пионот може да стане кралица и мислам дека Боби е кралот, а јас би сакала да бидам кралицата и да живееме среќно до крајот на животот“, изјави таа. Обидите бракот да се озакони пропаднаа, затоа што господинот Фишер не можеше да ги поднесе потребните документи, како што е валиден пасош.

Госпоѓа Ватаи вели дека не верува во медиумските извештаи дека господинот Фишер има сопруга и ќерка на Филипините.

Шахистите на Филипини апелираа до претседателот на нивната држава да му даде азил на господинот Фишер, затоа што таму се наоѓа неговото семејство.

Господинот Фишер требаше да полета за Манила кога на 13 јули беше притворен заради обид да отпатува со неважечки пасош.

Поранешниот јапонски заменик министер за надворешни работи, Ичији Иши, вели дека со јапонските владини претставници разговарал за судбината на господинот Фишер.

„Имав чуство дека се плашат на некој начин, дека не можат точно да се определат. Не сакаат да донесат одлука затоа што имаат сосема погрешни сфаќања или толкувања, затоа што се плашат од притисокот од САД“, истакнува г-динот Иши.

Портпаролот на Стејт Департментот рече дека одрекувањето од државјнство не заштитува никого од судско гонење.

Господинот Фишер стана американски херој кога го победи господинот Спаски од Советскиот Сојуз во 1972 година. Но, псоледниве години тој ја напаѓа својата земја, велејќи дека сака да биде уништена. Тој исто така постојани даваше анти-семитски изјави и покрај неговото еврејско потекло.

XS
SM
MD
LG