Линкови за пристапност

Кери го критикува планот на Буш за повлекување на американски војници од Европа и Азија - 2004-08-19


Претседателскиот кандидат на демократите Џон Кери вели дека планот на претседателот Буш за прераспоредување на околу 70.000 војници во странство нема да помогне во војната против тероризмот, ниту пак ќе придонесе за олеснување на товарот врз американската армија. Сенаторот Кери ова го изјави вчера на истата конвенција на ветераните, на која во понеделникот претседателот Буш го објави планот за прераспоредувањето.

Во говорот на конвенцијата на ветераните од војните во странство што се одржа во Синсинати, сенаторот Кери рече дека планот на претседателот за повлекување на извесен број трупи од Европа и Азија не се прави во систинско време, ниту пак на правилен начин.

“Овој набрзина објавен план повеќе поттикнува сомневања за нашите намери и за нашата определба, отколку што дава вистински одговори. На пример, зошто унилатерално повлекуваме 12.000 трупи од Корејскиот полуостров во исто време кога се водат преговори со Северна Кореја, земја која навистина поседува нуклеарно оружје“, изјави господинот Кери.

Сенаторот Кери рече дека повлекувањето на трупите нема да ја зајакне американската раководна улога во војната против тероризмот и многу малку ќе придонесе да се олесни товарот што сега го носи на плеќи армијата.

Цон Кери пред ветераните исто така кажа дека, доколку биде избран за претседател, ќе ги убеди сојузниците од НАТО и другите земји да ги споделат трошоците за обнова на Ирак.

“Знам што треба да направиме во Ирак. Потребен ни е претседател кој ќе има кредибилитет да ги приближи сојузниците на наша страна, бидејќи тоа е вистинскиот начин да се комплетира обврската во Ирак и да ги вратиме нашите трупи дома“, рече сенаторот.

Претставници на администрацијата на Буш одговорија на ставот на сенаторот Кери дека повлекувањето од Јужна Кореја би можело да ја ослабне американската способност за одбрана од напад од Северна Кореја.

Ова е претседавачот со воениот здружен Генералштаб, генералот Ричард Маерс.

“Нашата политика на одвраќање нема да се промени. Ако ништо друго, таа со тек на време ќе се подобри“, вели генерал Маерс.

Претседателот Буш во меѓувреме продолжи со кампањата за реизбор со посетата на федералната држава од средниот запад, Висконсин, една од 17 одлучувачки држави во претседателските избори во ноември.

Во таму одржаниот говор претседателот го критикуваше сенаторот Кери за ветувањето дека доколку биде избран во Белата куќа, за шест месеци ќе ги повлече американските трупи од Ирак.

„Јас верувам во она што го зборува Америка, ние мора да го зборуваме она што го мислиме. Ние ќе ја завршиме нашата мисија, така што Ирак и Авганистан ќе бидат слободни и мирољубиви земји“, изјави претседателот Буш.

Националната безбедност и улогата на претседателот како врховен командант на вооружените сили се очекува да бидат одлучувачки фактори за избирачите при гласањето на ноемвриските претседателски избори.

XS
SM
MD
LG