Линкови за пристапност

Србија ги смени националните симболи - 2004-08-18


Оваа песна им беше омилена на активистите кои ја пееја на про-демократските протести кои доведоа до соборување на автократскиот претседател Слободан Милошевиќ во 2000-та година. Сега, химната од 19 век “Боже правде“ или “Бог на правдата“, стана новата химна на Србија.

Во парламентот во вторникот се гласаше за новиот идентитет на Србија. Приврзаниците на господинот Милошевиќ го бојкотираа гласањето. Тие велат дека химната ја претставува Србија како монархија од 19-от век.

Иако во стиховите во кои се споменува српскиот крал, се променети, аналитичарите од регионот велат дека за многу Срби химната и натаму претставува заклетва за верност кон монархот како и кон татковината.

Парламентот исто така ги усвои и поранешните симболи на кралска Србија, знамето и националниот грб. На грбот кој датира од Средниот век, прикажана е круна на двоглав бел орел. На српското ново знаме додаден е овој симбол во горниот лев агол на црвената, сината и белата тробојка.

Пратениците велат оти се надеваат дека новите симболи подобро ќе го одразуваат српскиот идентитет по еден деценија на војни по распаѓањето на Југославија. Во овие борби загинаа четвртина милион лица.

Но Србите не можат да се усогласат околу знамето, грбот и химната за федерацијата Србија и Црна Гора, последниот остаток од поранешна Југославија. Тоа е пречка за малиот број на политичари кои веруваат дека Србија и Црна Гора може да опстанат како лабава федерација.

Тие се надеваа дека двете републики ќе можат да ги надминат меѓусебните разлики и да усвојат заедничка национална химна за годишенпните Олимписки Игри. Но наместо тоа, минатиот месец, Црна Гора усвои сопствено знаме, национална химна и национален празник.

XS
SM
MD
LG