Линкови за пристапност

Историската ирачка конференција - 2004-08-18


Двајца ирачки граѓани се расправаат пред микрофонот. Тие се меѓу над илјадата делегати кои присуствуваа на отворањето на Ирачката национална конференција. На конфренецијата се собраа на едно место претставниците на сите ирачки верски, етнички и политички групи. Делегатите беа повикани за да изберат членови на транзиционото Национално собрание кое ќе ја надгледува привремената влада на премиерот Ијад Алави, се́ до одржувањето на националните избори во јануари 2005-та година.

Господинот Алави ги поздрави делегатите, велејќи дека конференцијата е првиот чекор кон, како што кажа самиот, „хоризонтите на дијалогот“:

„Вашето благословено присуство тука е предизвик за силите на злото и тиранијата што сакаат да ја уништат оваа земја“.

Новиот претставник на Обединетите Нации во Ирак, Ашраф Џихангир Кази, исто така учествуваше на конференцијата, што инаку се одржа со помош на Обединетите нации:

„Од вашата земја потекнаа првите закони на општеството. Согласно на тоа, Ирак е сигурно способен да изгради граѓанско општество што ќе се придржува до владеењето на законот и ќе го отфрли политичкото беззаконие и насилство“, рече тој.

На првиот ден од конфренцијата, експлозии од нападот што го изведоа бунтовниците во непосредна близина ја потресоа зградата каде таа се одржуваше, но тоа не се одрази на делегатите, иако некои од нив може да се цел на терористите. Еден од делегатите од Северен Ирак вели дека смета оти постапил правилно што учествувал на конференцијата.

„Некој мора да ја започне демократијата. Таа мора да започне во некој момент. Мислам дека, без оглед што беше кажано за неа, таа е позитивен чекор во позитивна насока“, вели тој.

Ирачкиот привремен претседател Гази Ал-Јавар имаше ваква порака за оние кои одбиваат да учествуваат во политичкиот процес во Ирак: „Иако имаме различни мислења“, рече тој, „ние ги отфрламе оние кои би употребиле насилство за да ја стават во заложништво владата. Секој кој користи насилство како свое средство работи против интересите на Ирак“.

XS
SM
MD
LG