Досега Фред Мастерс од Канада можеше да најде билети за сите настани на Олимпијадата, вклучувајќи ги и пливачките натпревари за кои постои значителен интерес.
„Влеговме и ги ги зедовме билетите за 30 секунди. Овде ги извадивме и билетите за церемонијата на отварањето на Игрите, за што ни беа потребни три часа“, вели тој.
Фред Мастерс е еден од многуте љубители на спортот во Атина кои беа пријатно изненадени дека досега, билети можат да се најдат во секое време. Од друга страна не помало изненадување е дека некои дисциплини, како бадминтон, се играат на полупразни стадиони.
Но дури и кај традиционално популарните спортови како пливање и ватерполо може да се забележи мала посетеност.
Меги Хејк од САД открила дека помалку ќе ја чини доколку ги купи билетите во последен момент отколку да ги купи однапред.
„Не е толку тешко како што очекувавме, билетите овде се поефтини, откако ќе пристигнете во Грција споредбено со цените во САД. Цените беа повисоки кога ги купувавме во Калифорнија“, истакнува таа.
Според организаторите на Олимпијадата, честопати се случува на прелиминарните рунди натпревари да има празни седишта. Портпаролот на организациониот тим, Микалис Закаратос вели дека продажбата на билетите во Грција, која неодамна ја надмина бројката од три милиони, се одвива со слично темпо со претходните Олипијади.
„Според податоците од минатото, за време на Игрите во Барцелона беа продадени 3.021.000 влезници, а во Сеул, 2,7 милиони. Мошне сме задоволни со досегашната продажба на билети“, вели г-динот Закаратос.
Сепак, многу љубидели на спортот кои биле на Олимпијадата во Сиднеј во 2000-та, велат дека досега натпреварите во Атина се необично слабо посетени.