Линкови за пристапност

Рамсфелд бара внимателно да се реформира разузнавањето - 2004-08-17


Секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд уште еднаш кажа дека реструктуирањето на американските разузнавачки агенции, како што се предлага од Комисијата што ги истражуваше терористичките напади од 11 септември, не смее да создаде тешкотии за силите кои се вклучени во одбраната на земјата. Известувачот Ник Симеоне има повеќе за сведочењето на првиот човек на одбраната пред сенатско тело во врска со промените.

Секретарот Доналд Рамсфелд на членовите на сенатската Комисија за вооружени служби им кажа дека доколку Конгресот и претседателот брзо пристапат кон реорганизирање на гломазниот национален разузнавачки апарат, од кој најголем дел е контролиран од Пентагон, безбедноста на државата може да биде изложена на ризик, наместо подобрена.

"Треба да запомниме дека ние ги разгледуваме овие важни мерки додека во исто време водиме војна. Ако направиме непромислени чекори, грешката може скапо да чини ", изјави секретарот Рамсфелд.

Како сведок беше повикан и првиот човек на Здружениот генерал штаб, генералот Ричард Маерс. Тој на Комисијата и кажа дека создавање на место за директор на националното разузнавање, кој би вршел надзор над мулти-милијардерскиот разузнавачки апарат, не смее да создаде бирократски пречки за оние кои на бојното поле зависат од тие информации.

"Податоците што на војникот во ров му требаат сега, може да не бидат истите што му требаат на претседателот, смета генералот Маерс."

Во понеделникот поранешните секретари за одбрана на сенаторите им кажаа дека разузнавачките агенции на Пентагон не треба да бидат ставени под новиот директор за разузнавање од истите причини.

XS
SM
MD
LG