Ирак
Ирачаните кои се состануваат за избор на привремено собрание се согласија да испратат делегација во Наџаф во напор да се убеди радикалниот шиитски свештеник да престане со борбите против американските трупи.
Делегацијата ќе се обиде да му предаде писмо на Моктада Aл-Садр, во кое ќе побара од него да ја напушти џамијата во градот и неговата паравојска да ја пробрази во политичка организација. Свештеникот вели дека ќе се бори до смрт.
Настаните од продолжителните борби меѓу следбениците на свештеникот Моктада Ал-Садр и американските трупи во Наџаф, доминираа над конвенцијата во Багдад, каде 1.300 политички и верски лидери учествуваат во националаната конференција.
Во Багдад во напад на бунтовниците бил запален еден американски тенк. Американската армија соопшти дека екипажот избегал со лесни повреди. Вчера во Наџаф загинале тројца американски војници.
Ирак – Новинари
Организацијата која се залага за правата на медиумите, Репортери без граници, ја осуди ирачката привремена влада заради наредбата, новинарите да го напуштат Наџаф каде американските и ирачките сили се борат против вооружените бунтовници.
Во соопштението, оваа група со седиште во Париз, чекорот го нарече „блокада на информациите“.
Ирачката полиција вчера им нареди на новинарите да го напуштат Наџаф , неколју часа пред да продолжат судирите во вооружените лица.
Во меѓувреме, ирачки претставник во јужниот град Насарија изјави дека бил киднапиран француско-американски новинар.
Новинарот чиј идентите не е познат, наводно бил киднапиран додека известувал за археолошките локации во областа. Има спротиставени извештаи за тоа кога се случил инцидентот и не е познато кој стои зад него.
Иран-Ирак
Иранскиот министер за надворешни работи Камал Карази ги повика ОН да играат ефикасна улога во ставањето крај на борбите во светиот шиитски град Наџаф во јужен Ирак.
Иранската државна новинска агенција вели дека г-динто Карази ова го истакнал за време на денешниот телефонски разговор со Генералниот секретар на ОН Кофи Анан.
Г-динот Карази рекол дека САД направиле грешка што употребиле сила и што ги разгориле чувствата на ирачкиот народ.
Во меѓувреме портпаролот на иранската влада изјави дека Иран, ирачката влада ќе ја смета за одговорна за безбедноста на иранскиот дипломат киднапиран во Багдад.
Ирачка милитантна група се закани дека ќе го казни дипломатот доколку Иран не ги ослободи 500-те затвореници од ирачко-иранската војна од 1980-та до 1988-та година. Иран вели дека нема во притвор такви затвореници.
Италија-Тероризам
Италијанските власти ја зајакнаа безбедноста во одморалиштето Порто Редондо на Сардинија, каде што британскиот премиер Тони Блер е во посета на неговиот италијански колега, Силвио Берлускони.
Дводневната приватна посета уследи среде зголеменото обезбедување низ Италија заради неодамнешните терористички закани.
Терористичката група за која се верува дека е поврзана со ал-Каида, Абу-Хафс ал-Масри бригадите, се заканија дека ќе започнат „крвава војна“ против Италија доколку не ги повлече своите трупи од Ирак до вчера. Заканата што беше ставена на Интернет, не е потврдена од независни извори. Но Италија одби да ги повлече своите војници.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Ѓузепе Писани вчера изјави дека ниту една закана не треба да се потценува, но додаде дека Италија нема да биде заплашена.
Саудиска Арабија-Безбедност
Саудискиот принц Абдула вели дека главните борби на неговата земја со тероризмот се завршени, а безбедносните сили се справуваат со последните остатоци од милитантите на Ал-Каида.
Во интервју за кувајтски дневен весник, принцот Абдула изјави, цитираме: “Ги минавме стадиумите на тероризмот и она што сега го гледате е елиминирање на последните остатоци на милитантите“.
Тој рече дека саудиските безбедносни сили ефикасно целеле на лидерите на милитантите од редовите на Ал-Каида.
За време на едномесечната амнестија во Саудиска Арабија понудена во јуни, се предадоа шестмина милитанти, додека други загинале за време на судирите со саудиските безбедносни трупи. 12 од 26-те осомничени за терористички активности во Саудиска Арабија и натаму се во бегство.
Косово-ОН
Данскиот дипломат Сорен Јенсен Петерсен и официјално ја презеде должноста на администратор на ОН за Косово.
Господинот Јесен-Петерсен денеска се сретна со главните лидери на етничките Албанци, претседателот Ибрахим Ругова и премиерот Бајрам Реџепи. Се очекува да се сретне и со претставниците на српската заедница во покраината.
Новиот администратор вели дека негови приоритети ќе бидат економијата и безбедноста. Тој исто така ја истакнува важноста на големо учество во парламентарните избори на 23-ти октомври.
Српската влада во Белград ги повика малцинските Срби да го бојкотираат гласањето затоа што меѓународната заедница го отфрли неговиот план за српска автономија на Косово.
Господинот Јесен-Петерсен, кој е адвокат, ја презеде функцијата од неговиот претходник, поранешниот фински премиер Хари Холкери, кој во јуни поднесе оставка од здравствени причини.