Линкови за пристапност

Во државата Њујорк уапсени две лица под обвиненија за за поврзаност со група која соработува со Ал Каида - 2004-08-05


Уапсени се двајца лидери на џамија во Албани, Њујорк. Иако рачниот минифрлач не бил купен, обајцата се обвинети за обезбедување материјална поддршка за тероризам.

Градоначалникот на Албани, Џери Џенингс одржа прес-конференција, кусо време по апсењата, но на неа многу малку кажа за тоа до каде е истрагата.

„Истрагата трае и очигледно резултатите се добри“, изјави господинот Џенингс.

Американските претставници долго време предупредуваат на можната закана за американските патнички авиони од страна на терористи кои набавуваат рачни минифрлачи. Пред две години, осомничени терористи пукаа со рачен минофрлач во израелски авион во Кенија, но не ја погодија целта.

Властите велат дека апсењата во Албани се резултат на едногодишна истрага на Еф Би Ај и не се поврзани со овонеделната одлука за зголемување на нивото на тревога за терористичка закана во Њујорк и Вашингтон.

XS
SM
MD
LG