Конвенциите за номинација на претседателските кандидати во САД денес се повеќе стануваат церемонијални, бидејќи кандидатите веќе се избрани на внатрепартиските предизбори. Конвенцијата е наменета за поттикнување на страстите и за импресионирање на гласачите. Тоа е спротивно од конвенциите во минатото кога делегатите ги избирале своите кандидати по мноштвото говори и договарања. Ова е потсетување на времето кога неизвесноста и изненадувањата биле нормална карактеристика на партиските конвенции.
Го нарекуваа „оратор“ и тој никогаш не престануваше да зборува. Вилијам Џенингс Брајан од претежно земјоделската федерална држава Небраска на американскиот среден запад говореше за суштинските прашања на неговото време, посебно за релативно евтиното сребро за ковање пари, кое требаше да го замени златото кај национална валута. Целта беше во американските џебови да се најдат повеќе пари за време на економската криза.
Ова прашање и неговиот импресивен глас го доведоа Брајан на Демократската конвенција во 1896 година, каде тој се сметаше за фаворит за претседателската кандидатура. Тој имаше 36 години, а две години пред тоа загуби во трката за американскиот Сенат. Но тогаш се случи неговиот животен говор за поддршката за замена на златото со сребро.
“На нивното барање за стандардот со злато ќе им одговриме на следниот начин: „Не треба на главата на работниците да ја ставате оваа круна од трње. Не треба да го распнувате човештвото на крст од злато“.
Атмосферата на Конвенцијата се вжештила и Брајан едвај се извелкол од навалата од негови обожаватели. Тој продолжил со своите говори и на денот пред изборите одржал дури 27. Сепак, тој изгубил од републиканецот Вилијам Меккинли, кој можеби не ги воодушевил гласачите, но имал цврт став во однос на златниот стандард.
Подоцна, во 1940 година, кога Америка се соочувала со Втората светска војна, републиканците биле поделени меѓу тнр. изолационисти, кои по секоја цена сакале да се избегне војната, и интернационалистите, кои повикувале на подготвки.
Вендел Вилки, кандидат на крилото на интернационалистите, бил поранешен демократ кој никогаш не извршувал јавна функција. Наместо тоа, тој работел во голема услужна компанија, бил пријателски расположен, народен човек со истуткани костуми. „Босоногото момче од Вол стрит“, вели еден демократ.
Се чинело дека тој нема многу шанси, се додека изолационистите не се поделиле, и според еден радиоизвестувач, тоа било шанса за Вилки кој ги освоил симпатиите на гласачите.
Во улога на претседавач, Џо Мартин рече: „Од срцата на американските патриоти излегоа зборовите - Го сакаме Вилки“.
Но неговиот противник беше личност со уште поголема популарност, Френклин Рузвелт, кој служеше два претседателски мандати. Ниту еден американски претседател не служел повеќе од два мандати, традиција што ја воспоставил првиот шеф на државата Џорџ Вашингтон. Но Рузвелт сметал дека треба да остане на оваа функција, поради наближувањето на војната.
Во рамките на Демократската партија тој имал амбициозни наслединици, а и демократите се противеле на негов трет претседателски мандат. Тој дури не ни присуствувал на конвенцијата, што на многумина од делгатите тоа не им се допаднало. И тогаш кога се чинело дека неговата кандидатура е доведена во прашање, партиските лојалисти од сите страни почнале да извикуваат: „Го сакаме Рузвелт“, а од просториите под салата се слушале извици: „Чикаго е за Рузвелт! Илиноис е за Рузвелт! Њујорк е за Рузвелт! Америка е за Рузвелт!“
И тоа и се случило. Чикаго придонел Рузвелт да биде номиниран за трет мандат. Во говорот по повод номинацијата, тој вака ја објасни својата одлука да ја прифати кандидатурата:
„Кога конфликтот за првпат се појави минатиот септември, имав намера јасно и едноставно да соопштам уште на почетокот дека под никави услови нема да прифатам реизбор. Наскоро стана очигледно дека ваквата изјава од моја страна не би била многу мудра, од аспект на значањето на оваа јавна функција“.
Рузвелт го победи Вилки, добивајќи трет претседателски мандат, по што следеше и четвртиот. Набрзо потоа, тој почина извршувајќи ја претседателската функција
Тоа беа денови , вели Алан Бринкли, професор по историја на Универзитетот Колумбија. Тој во Њујорк Тајмс пишува дека конвенциите денес се „внимателно подготвени промотивни настани, на кои делегатите се во улога на послушна публика, следејќи го она што се случува преку огромните екрани. Сите учесници –кандидатите, партиите, делагатите, медиумите-соработуваат во овој марш кон баналност и челична контрола“.
Но,сепак, во време на војна и кризи, вели професорот Бринкли, можна е промена на сценариото, вметнување на некогашните страсти и спротивставувања. Во тој случај, вели тој, конвенциите би можеле да вратат дел од некогашниот шарм.