Линкови за пристапност

Џон Кери официјално демократски кандидат за претседател - 2004-07-29


Номинацијата на Џон Кери уследи преку традиционалното гласање на партиските конвенции со кое сите 50 федерални држави и американските територии една по една се изјаснуваат кому го даваат својот глас.

Централно обраќање пред гласањето беше она на сенаторот Џон Едвардс, потпретседателскиот кандидат на сенаторот Кери.

Тој кажа дека Џон Кери ќе се грижи за тоа Американците да се безбедни дома и да се почитувани во странство, и потоа се осврна на, како што ја нарече, тактиката на негативна кампања на републиканците што ги доведува во прашање квалификациите на сенаторот Кери да биде претседател:

„Во периодот од сега па до ноември, вие – американскиот народ - можете да ја отфрлите заморната, стара, полна со омраза и негативна политика на минатото, и, наместо тоа, да ја прифатите политиката на надеж, политиката на она што е можно, бидејќи ова е Америка, каде се́ е можно“, кажа Џон Едвардс.

Сенаторот Кери ќе ја прифати партиската номинација за претседателските избори денес навечер, со што и ќе заврши националната конвенција на демократите.

Кон крајот на наредниот месец, Републиканската партија ќе одржи своја конвенција на која ќе го номинира претседателот Буш за реизбор, по што се очекува жестока изборна кампања на обајцата кандидати.

XS
SM
MD
LG