Линкови за пристапност

vesti-28 - 2004-07-28


Демократска партија-Конвенција

Денеска е третиот ден од националната конфенција на Демократската партија што се одржува во Бостон, кога е предвидено сенаторот Џон Едвардс и формално да ја прифати номинацијата за потпретседателската функција.

Сенаторот од Северна Каролина вечерва ќе биде во центарот на вниманието, додека делегатите се изјаснуваат за предложените кандидати.

Сенаторот Џон Кери ја заврши еднонеделната кампања и пристигна во Бостон. Тој утре се очекува и официјално да ја прифати кандидатурата за претседателски кандидат на Демократите.

Изминатите два дена, говорниците на конвенцијата ја критикуваа политиката на претседателот Буш, оддавајќи му признание на лидерството на г-динот Кери и неговиот потпретседателски кандидат.

Вчера, забележливо беше обраќањето на политичарот во подем, сенаторот во државата Илиноис Барак Обама кој упати апел за социјална правда и патриотизам.

НАТО-Ирак

Од дипломатски извори се дознава дека Франција ги блокира напорите на НАТО за постигнување договор за обука на безбедносните сили во Ирак.

Дипломатот на новинарите во Брисел им кажал дека преку 20 земји од 26-те членки на Алијансата, го поддржуваат започнувањето на обуката најрано наредната недела.

Дипломатот вели дека додека некои земји се уште не донеле конечна одлука по прашањето, Франција е единствената која се противи на него.

Денешните коментари доаѓаат воочи состанокот на НАТО во Брисел за тоа како да се реализира ветувањето за обука на ирачките сили. Ветувањето дадено на Самитот на Алијансата во Истамбул се уште не е прецицизирано заради одреден отпор на видливо присуство на трупи на НАТО во Ирак.

Генералниот секретар на Алијансата Јаап де хоп Скефер изјави дека се надева оти консензус по прашањето ќе биде постигнат оваа недела.

Тим експерти на НАТО неодамна беа во посета на Ирак, за да ја испитаат ситуацијата, но Франција се залага да се испрати уште една таква мисија, а не веднаш да се отпочне со обуката.

Ирак-Заложници

Веб страница за која се смета дека е на терористите поврзани со Абу Мусаб Ал Заркави објави фотографија за која се вели дека е прикажано убиството на бугарскиот заложник во Ирак.

На фотографијата е прикажано маскирано лице кое држи крвава глава. Во изјавата се вели дека смртта на заложникот е предупредување до сите сојузници кои соработувале со претседателот Буш.

Групата твдри дека жртвата е бугарски државјанин, но не прецизира за кој од двајцата киднапирани Бугари се работи.

Телото на бугарскиот возач на камиони Георги Лазарав беше идентификувано овој месец. Второто тело без глава беше пронајдено во реката Тигар, но се уште не е идентификувано.

Во меѓувреме, полицијата во ирачкиот град Рамади во провинцијата Ал Анбар соопшти дека вооружени лица упаднале во домот на гувернерот, при што ги киднапирале неговите тројца синови и ја запалиле куќата.

Колин Пауел-Египет

Американскиот државен секретар Колин Пауел се сретна со египетскиот претседател Хосни Мубарак во Каиро на разговори кои беа фокусирани на израелско-палестинскиот конфликт, Ирак и други прашања.

Г-динот Пауел изјави дека му се заблагодарил на Египет за тоа што понудил помош во обука на ирачките сили. Тој ја поздрави и египетската понуда да испрати експерти во Газа кои ќе ги обучуваат палестинските безбедносни сили, доколку и кога Израел ќе се повлече од територијата. Египет вели дека неговата помош зависи од ветувањето на палестинскиот лидер Јасер Арафат да му дозволи на неговиот премиер да ја обнови палестинската безбедносна служба. Од своја страна г-динот Пауел рече и натаму се сомнева дека господинот Арафат ќе го одржи зборот. По разговорите во Каиро, господинот Пауел отпатува во Џеда во Саудиска Арабија каде што утре ќе се сретне со саудиските власти и со ирачкиот премиер Ијад Алави.

Авганистан-Експлозија

Авганистански официјални претставници соопштија дека две лица загинале, а две биле сериозно повредени во експлозија на бомба во една џамија за време на регистрирање за гласање.

Американската армија вели дека во експлозијата во провинцијата Газни загинале шест лица, од кои двајца се службеници на ОН. Но портпаролот на ОН во Кабул вели загинале две лица кои се Авганистанци. Тој рече дека едниот од нив работел за заедничкото тело за координација на изборите на Авганистан и ОН.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но исламските милитанти претходно ветија дека ќе го нарушат изборниот процес и извршија неколку напади врз центрите за регистрација.

Кина-Вселена

Кинеските власти соопштија дека планираат да започнат регрутирање на средношколки кои сакаат да бидат првите жени астронаути.

За Народниот весник властите изјавиле дека регрутацијата ќе започне во почетокот на идната година. Девојчињата ќе бидат обучувани како да управуваат со авион, а потоа и за технологијата на вселенски летови.

Кина вели дека сака да ја испрати првата жена во орбитата до 2010 година. Тогаш Кина сака и да постави лабораторија во вселената.

Идната година, двајца мажи астронаути ќе бидат лансирани во вториот вселенски лет на оваа држава, во петдневна мисија.

Минатиот октомври Кина стана третата земја во светот што испрати свој државјанин во вселената.

XS
SM
MD
LG