Линкови за пристапност

Според ирачкото Министерство за здравство од нападот со автомобил-бомба во Ирак загинале 68 лица - 2004-07-28


Силната експлозија се случила во близина на полициски регрутен центар во Багуба, северно од Багдад.

Многумина од жртвите чекале за пријавување пред центарот. Според болнички извори, многумина биле повредени од овој напад. Ирачките претставници велат дека најмалку 21 лице загинало додека се наоѓале во автобус кој поминувал токму тогаш кога се случил нападот.

Возачот Мохамед Абид вели дека го видел местото на настанот пред да замине за Багдад. Според него автобусот бил комплетно изгорен, а автомобилот разнесен од силната експлозија. Тој кажа и дека видел тела на жртвите расфрлнени на секаде и дека сите патници во автобусот загинале.

Господинот Абид вели дека нема многу верба во способноста на властите да ги запрат нападите на вооружените бунтовници.

Тој вели дека новата влада нема да може да ја контролира ситуацијата бидејќи и натаму има бомбашки напади низ целата земја и ништо не е променето.

Во меѓувреме, полските сили во Ирак вели дека имало престрелка меѓу вооружените бунтовници и коалиционите и ирачките трупи во близина на јужниот град Бабилон, во зона контролирана од полските војници. Според коалицијата, ирачките трупи убиле 35 герилци, а уапсиле преку 40. Во престрелката загинале седуммина ирачки војници, а 10 биле повредени.

XS
SM
MD
LG