Линкови за пристапност

САД го поддржуваат Рамковниот договор, употребата на албанскиот јазик  - 2004-07-27


Соединетите Американски Држави го поддржуваат Охридскиот рамковен договор, а во негови рамки и употребата на албанскиот јазик во заедници со значителен број на албанско население, соопшти синоќа Стејт департментот.

Во писмениот, последователен одговор на новинарско прашање поставено за време на редовниот брифинг во Стејт департментот, за тоа каква е американската политика во однос на Охридскиот договор и каков е ставот во врска со давањето право на албанското малцинство во Македонија да го користи албанскиот јазик, канцеларијата на портпаролот на Стејт департментот истакнува дека „САД цврсто го поддржуваат Охридскиот рамковен договор што стави крај на конфликот во Македонија, како и цврстата заложба на македонската влада за негова целосна примена.

„Одредбите на Охридскиот рамковен договор се однесуваат и на употребата на јазици и симболи. Ние ги поддржуваме одредбите во врска со употребата на албанскиот јазик во локалните заедници со значително албанско население“, се вели во писмениот одговор на новинарско прашање, во кој исто така се наведува дека според информациите на Стејт департментот, останатите прашања во врска со симболите ќе бидат опфатени по сегашната дебата во Собранието за претстојната легислатива во врска со територијалната организација.

XS
SM
MD
LG