Линкови за пристапност

НАФТА: Десет години напредок - 2004-07-26


Пред 10 години, САД, Канада и Мексико се согласија да ја формираат најголемата област на слободна трговија во светот. Според сите критериуми, Северноамериканскиот договор за слободна трговија, познат како НАФТА, е успешен.

Отстранувањето на трговските бариери како резултат на НАФТА доведе до зголемување на трговијата и инвестициите, вработувањето и конкуренцијата. Од 1994 година, трговијата меѓу САД, Канада и Мексико достигна над шест милијарди долари, што двојно повеќе од нивото пред да биде постигнат договорот НАФТА. Од 1994 до 2003, странските инвестиции во овие три држави се зголемија за речиси еден и три четвртини трилиони долари. Зголемените инвестиции поттикнати со НАФТА донесоа повеќе и подобро платени работни места, како и намалени цени и поголем избор за консументите и производителите. НАФТА исто така придонесе за унапредување на еколошките и работните услови.

САД ја поддржуваат НАФТА и другите договори за слободна трговија, затоа што, како што вели самиот претседател Џорџ Буш, “светот во кој слободно се тргува ќе расте во просперитет и безбедност“.

„За земјите во развој, слободната трговија поврзана со економските реформи помага стотици милиони луѓе да се спасат од сиромашатија. Порастот на економската слобода и сопственоста во земјите во развој создава навика на слобода и создава притисок за демократија и политички реформи. Економската интеграција низ трговија може исто така да ја зајакне политичката соработка преку промовирање на мир меѓу државите. Додека слободната трговија се шири низ земјата, царството на човечките слободи се шири заедно со неа“, рече американскиот претседател.

На западната хемисфера, НАФТА и други договори го отвораат патот за уште поголема цел: област на слободна трговија на двата американски континенти. Со него би се здружиле 34 држави од западната хемисфера, со комбиниран нето домашен производ од над 10 трилиони долари и пазар за над три четвртини милијарда луѓе. САД се надеваат дека ќе ги завршат преговорите за Областа на слободна трговија за Јужна и Северна Америка идната година.

САД исто така размислуваат и од другата страна на западната хемисфера. “Низ целата планета“, вели претседателот Буш, “слободните пазари и трговијата помагаат да се порази сиромаштијата и луѓето да се научат мажите и жените на обичаите на слободата. Придобивките од отворената трговија не се мерат само во долари и центи, туку и во човековата слобода, човечкото достоинство, човековите права и напредокот“.

XS
SM
MD
LG