Линкови за пристапност

Буш: извештајот на Комисијата за нападите на 11 септември  е конструктивен - 2004-07-22


Претседателот Буш смета дека двопартиската комисија што ги истражуваше терористичките напади од 11-ти септември 2001 година дала конструктивни предлози за тоа како да се спречат напади во иднина. Првите лица на комисијата му го врачија извештајот на претседателот денеска. Од Белата куќа.

Претседателот Буш вели дека комисијата дала мошне солидни, сеопфатни препораки за тоа како да се постапува во иднина за да се спречат нови терористички напади.

Тој им заблагодари на претседавачот на комисијата Томас Кин и копретседавачот Ли Хамилтон за нивната работа во комисијата и најави дека ќе се консултира со членовите на неговата администрација, како и со Конгресот, за тоа како да се обезбеди подобра заштита за Американците.

“Овие двајца луѓе даваат разумен приод за тоа како да се продолжи понатамму. Тие го увидуваат она што јас го увидувам, и она што Америка го увидува, дека се́ уште има закана, и дека ние во владата имаме обврска да сториме се́ што е во наша моќ за да ги заштитиме Американците“, изјави претседателот Буш.

Претседателот првично се противеше на воспоставувањето на Комисијата, а потоа се обидуваше да го ограничи нејзиното времетраење. По долго одлагање, тој конечно се согласи да се сретне со нејзини претставници, но под услов со него да биде потпретседателот Дик Чејни. Претставници на владата ги објаснуваат рестрикциите во однос на тој состанок со обѕири во врска со националната безбедност, како и со принципот на поделбата на власт, со оглед на тоа дека состанокот претставува појавување на претседателот како шеф на држава пред комисија со мандат даден од Конгресот.

XS
SM
MD
LG