Како резултат на бројот на загинати американски војници во изминатите 16 месеци во Ирак, кој достигна 900, Пентагон продолжува да се соочува со прашањата, дали воените планери потцениле колкав број на американски мировници се потребни во Ирак.
Неколку земји членки на воената коалиција, од кои најголема е Шпанија, веќе ги повлекоа своите сили од Ирак, како одговор на тероризмот или терористичките закани против своите граѓани.
Во меѓувреме, во Ирак продолжуваат речиси секојдневните убиства на американските војници, а терористичките напади и киднапирањата не престанаа со минатомесечното предавање на власта. Доколку воените команданти кажат дека им се потребни дополнителни трупи за борба против против бунтовниците, секретарот Рамсфелд вели дека тоа ќе го добијат:
„Некој би рекол дека со тек на време, ќе можеме да започнуваме со намалување на овој број. Од друга страна, јас велам дека тоа ќе зависи од фактите на теренот. Ќе го согледаме тоа и доколку се потребни дополнителни сили, тоа и ќе се случи“.
Но тој вели дека при испраќањето на дополнителни трупи во Ирак треба да се има предвид ризикот од зголемување на присуството на САД и чувството кај Ирачаните дека се под странска окупација.