Линкови за пристапност

Медлин Олбрајт:Да беше Ал Гор во Белата куќа, ситуацијата на Балканот би била многу подобра - 2004-07-20


На прашањето зошто често ја критикува администрацијата на Буш за хаосот и безредието во Ирак, кога слична е ситуацијата и на Косово, каде се распоредија американски трупи додека таа беше на функцијата државен секретар, г-ѓа Олбрајт истакна:

„Една од причините за таквата ситуација на Косово е што оваа администрација го игнорира Косово и тоа од првиот ден на својот мандат. Доколку Америка вршеше притисок врз ОН кои управуваат со Косово, би имало помалку проблеми. Во Белата куќа да беше Ал Гор, ситуацијата на Балканот, не само на Косово, туку и во Босна, би била многу подобра, бидејќи тој на регионот би му посветил многу поголемо внимание. Што се однесува до Ирак, пак, очигледно е дека актуелната администрација воопшто немала никаков план за повоеното раздобје“, рече таа.

Медлин Олбрајт кажа дека и Србите треба да придонесат во нормализирање на ситуацијата, како на Косово, така и во Босна и Херцеговина. „Да се надеваме дека новата влада ќе помогне да се уапсат Караџиќ и Младиќ, бидејќи токму овие двајца бегалци ..ја симболизираат проблематичната ситуација во целиот регион, истакна поранешниот американски државен секретар“, рече г-ѓа Олбрајт.

„Честопати сите ја правиме истата грешка, мислиме дека некој проблем е целосно решен, дека не треба да се навраќаме на него и дека можеме да почнеме да го игнорираме. Во дипломатијата и во националаната безбедност тоа не е случај. Треба да се жонглира со многу топки. Не можеме да бидеме еднодимензинални и да мислиме дека Ирак е единствениот проблем со кој во моментов треба да се занимаваме“, додаде таа.

Мемоарите на г-ѓа Олбрајт говорат за нејзиниот живот и мандат низ турбулентниот период како американски амбасадор во ОН, а потоа и како државен секретар. Госпоѓа Олбрајте е единствената жена во американската историја која служела како државен секретар, што воедно е и највисоката позиција во власта што една жена во САД воопшто ја имала.

XS
SM
MD
LG