Линкови за пристапност

Да се ослободат политичките затвореници во Куба - 2004-07-20


Д-р Оскар Елијас Бисет, еден од најпознатите кубански дисиденти, кој е во затвор, се јавува дека режимот на кубанскиот диктатор Фидел Кастро го изгладнувал. Сопругата на д-р Бисет, Елса Морехон Хернандез, објави писмо од нејзиниот сопруг, што било прошверцувано од затворот Кило Oсум. Во писмото се наведува дека чуварите во затворот не му давале храна на д-р Бисет од средината на јуни. Госпоѓа Морехон Хернандез вели дека тоа почнало откако д-р Бисет им се придружил на неколку затвореници во актот на граѓанска непослушност. Тие извикувале “Долу комунистичкото диктаторство на Кастро“.

Д-р Бисет е основач на кубанскиот Лавтон Центар за човекови права. Во октомври 2002-та го завршил издржувањето на тригодишната затворска казна по фабрикувани обвиненија за “навреда на државните симболи“ и за “поттикнување на злосторство“. Всушност тој само учествувал во протести против абортусот и закачил кубанско знаме наопаку за време на прес-конференцијата што ја одржал за третманот на политичките затвореници од страна на режимот. Во декември 2002, д-р Бисет и други кубански дисиденти биле уапсени по про-демократскиот состанок во приватна куќа во Хавана. Овој пат, господинот Бисет бил осуден на 25 години затвор.

Изминатите неколку години во Куба е особено тешко за оние кои се против комунистичкиот режим на Фидел Кастро. Режимот уапси стотици дисиденти кои бараат демократија и почитување на човековите права на кубанскиот народ. Претседателот Џорџ Буш вели дека САД ќе продолжат да вршат притисок владата на Кастро да го промени односот:

„Денеска борбата за слобода продолжува во градовите на овој прекрасен остров, во затворите на Кастро и во срцето на секој кубански патриот. Во се она што претстои, кубанскиот народ има постојан пријател во САД. Ниту еден тиранин не смее засекогаш да стои на патот на моќта на слободата, затоа што надежта за слобода е во секое срце“, рече тој.

Во неговото писмо од затвор, др.Оскар Елијас Бисет пишува, “имам духовна исдржливост и сила што Бог им ја дава на сите кои го сакаат праведно и вистински“. Кубанската Влада треба праведно да се однесува со др.Бисет. Тој и стотици други затвореници во Куба треба веднаш да бидат ослободени.

XS
SM
MD
LG