Линкови за пристапност

Во Македонија е неопходен развој на образованието - 2004-07-16


Вчера во Брисел беше објавен извештај на Програмата за развој на ОН за човековиот развој во 2004-та. Овогодишниот извештај се заснова на премисата дека слободата на културно изразување е клучен елемент на човечкиот развој. Македонија во извештајот е рангирана на 60-то место. Како тоа може да се толкува во пошироки рамки, разговаравме со Стефано Петинато, ко-автор на извештајот и политички советник во Програмата за развој на ОН во Њујорк. Прилог на Лилица Китановска.

Како да се решат прашањата од областа на мултикултурализмот, особено врзани со религијата и етничката припадност, и како да се надминат проблемите на разноликоста, е тема на годинашниот извештај на Програмата за развој на ОН. Од друга страна, самите автори велат дека биле изненадени од големото уназадување на државите во поглед на приходите.

Го прашавме господинот Петинато колку е важна слободата во културна смисла, во ситуација на економска зависност. „Лесно е да се поверува дека економската депривација и економската дискриминација е поитен проблем од културната депривација и културната дискриминација“, вели тој. Во овогодишниот извештај ние ги спротивставуваме овие работи, зашто гледаме дека на места каде има проблеми со изразувањето на идентитетот, има сериозни среднорочни и долгорочни проблеми, во смисла на стабилноста на земјата, нејзината безбедност и конечно проблеми во развојот“, вели господинот Петинато.

“Денешното запоставување на културната слобода, многу веројатно е дека утре ќе произведе развојна стагнација, или недоволен развој, или економска катастрофа, што настанува заради недостатокот на социјална кохезија и конфликт“, додавца годсподинот Петинато.

Интегрален дел од извештајот е Индексот на човековиот развој според кој се рангирани 177 држави, зависно од нивниот степен на развој во оваа област. Македонија е ставена во групата на среден развој, и е на 60-тото место, зад Бугарија и пред Босна и Херцеговина. Овој индекс е комбинација од претпоставената должината на животниот век, образованието и приходите. За господинот Петинато, област на која Македонија особено треба да работи е образованието.

“Според покажаното во образованието, Македонија е рангирана 97-ма во светот. Тоа е веројатно област во која Македонија може да се подобри. Ние гледаме значајни напори, но, дефинитивно, има простор за поголема маргина на образовен развој“, вели тој.

Стефано Петинато вели дека за Македонија тешко е да се дефинира тренд заради релативно кратката историја на државата како суверена единка, но тој вели дека минатата година започнал растеж што тој би сакал да види дека ќе продолжи.

Инаку, според овој индекс на хуманитарен развој Словенија годинава е на 27-то место, а Хрватска на 48-то, и двете во групата земји со висок развој. Соединетите Американски држави се осми по ранг, а прва е Норвешка.

XS
SM
MD
LG