Линкови за пристапност

Уапсен шахистот Боби Фишер - 2004-07-16


Јапонските и американските власти во Токио денеска потврдија дека Боби Фишер е во притвор на Меѓународниот аеродром Нарита, но со малку познати детали.

Поранешниот светски шампион во шах се подготвувал да влезе во авион на Јapan Airlines кој заминувал за Филипините во вторникот, кога бил пресретнат, велат аеродромските претставници.

Копии од јапонски и американски владини документи поставени на интернет страницата на господинот Фишер во Јапонија покажуваат дека тој е соочен со депортација затоа што илегално влегол повторно во Јапонија во април, со американски пасош кој бил отповикан.

Проблемите со законот на господинот Фишер датираат од 1992 кога излегол од криење за да игра во многу публикуваниот меч против Русинот Борис Спаски во Југославија, која тогаш била во војна со Босна и Херцеговина.

Господинот Фишер победил во натпреварот, добивајќи ја наградата од повеќе од три милиони долари, меѓутоа од федералната порота на САД била издадена потерница по него заради тоа што ги прекршил санкциите на ОН против Југославија со тоа што таму го одиграл мечот.

Претседателот на шаховската асоцијација на Јапонија Мијоко Ватаи го посетил господинот Фишер по приведувањето и го опишува како очаен во желбата да избегне депортација во САД.

"Тој беше многу депримиран. Рече дека за него е исто што и смрт ако мора да оди во затвор во Америка", вели госпоѓа Ватаи.

Господинот Фишер може да добие десет години затвор и парична казна од 250 илјади долари како резултат на обвинението од 1992 .

Изолираниот шаховски генијалец, кој стана велемајстор на 15-годишна возраст, сега има 61 година. Од него повремено се слушаше по нешто, но не беше виден. Тој често се јавувал на радио-станици на Филипините, давајќи анти-американски и анти-семитистички изјави.

"Мислам дека САД нема да постојат уште долго. Мислам дека сите ќе бидат изненадени колку брзо САД ќе пропаднат и ќе станат историја. "

Во други интервјуа, господинот Фишер ги фалеше терористичките напади на САД од 11 септември 2001.

Многумина од светот на шахот зборуваат за еретичкото однесување на господинот Фишер што се повеќе се интензивирало откако престанал да игра на турнири во 1970тите, но сепак велат дека го сметаат за можеби најголемиот шахист на сите времиња.

XS
SM
MD
LG