Линкови за пристапност

Пожар во основно училиште  - 2004-07-16


Локалните власти сметаат дека пожарот бил предизвикан од краток спој во електричната мрежа на училиштето, од што настанале искри што го предизвикале пожарот.

Џеј Радакришнан е претставник на владата во градот Кумбаконам, во државата Тамил Наду, каде што се случи пожарот.

“Пожарот веројатно избувнал во кујната со сламен покрив. Во тек е спасувачката операција“, изјави господинот Радакришнан.

Се верува дека пожарот е несреќен случај. Избувнал во 11 часот наутро по локално време во основното училиште Богот Кришна, кое го посетувале околу 900 ученици на возраст од 6 до 11 години.

Локалната телевизија покажа толпа од загрижени родители како стојат на тесните улици исполнети со чад.

Господинот Радакришнан вели дека властите ќе спроведат истрага за инцидентот и зошто толку мал број деца можеле да избегаат од пожарот. Тој шпекулира дека причината е што училиштето било на три ката и на локација што е густо населена.

Градот Кумбаконам е познат по своите храмови, што се наоѓаат на бреговите на реката Кавери, на околу две илјади километри јужно од индискиот главен град Њу Делхи.

Властите сега се обидуваат да ги пронајдат семејствата на децата што загинале или што се повредени во пожарот.

XS
SM
MD
LG