Линкови за пристапност

Сенатот го објави извештајот за грешки во разузнавањето пред војната во Ирак - 2004-07-09


Претседавачот со Сенатската комисија за разузнавање републиканецот од Канзас, Пет Робертс ја претстави верзијата за јавност на довеливиот извештај што го подготви неговата работна група.

„Комисијата заклучи дека разузнавањето страда од она што го нарекуваме „колективно размислување“, што ги довело аналитичарите, собирачите на информации и раководителите да претпостават дека Ирак има активни програми за оружје за масовно уништување кои се зголемуваат“, рече тој.

Во извештајот се заклучува дека разузнавачките агенции, на администрацијата на Буш и дале пренагласени и неточни информации за заканата што ја претставува Ирак пред инвазијата под американско раководство.

Но, воедно се вели дека нема докази оти администрацијата извршила притисок врз разузнавањето да ги промени проценките за капацитетот на ирачкото оружје.

XS
SM
MD
LG