Линкови за пристапност

Северна Кореја се уште го слави Ким Ил Сунг - 2004-07-08


Северна Кореја веќе цела недела му оддава почит на човекот кој ја основал сталинистичката држава во 1948-та година.

Севернокорејскиот диктатор беше познат по тоа што го промовираше култот на својата личност и самото одбележување на 10-годишнината од неговата смрт, покажува колкаво е неговото влијание и денеска.

Според извештите на државните медиуми, улиците на Пјонгјанг биле преполни се луѓе кои носеле транспаренти на кои пишувало - Претседателот Ким Ил Сунг секогаш ќе биде со нас.

Филмови и книги кои го величат неговиот живот повторно биле објавени и прикажувани, а со голем број собири низ земјата Ким Ил Сунг добива статус близу до божество. Николас Бонер е режисер и чест посетител на Северна Кореја. Тој вели дека задржаниот култ на личноста и натаму значи целосно ембарго на вестите што доаѓаат од надвор од земајта.

“Без сомнение, верувањето во култот е присутно. Тие и немаат зошто да веруваат во нешто друго“, смета господин Бонер.

Овонеделните настани беа внимателно организирани со цел да го оживеат ентузијазмот за наследството на Ким Ил Сунг, додека се зајакнува политичката моќ на неговиот син.

Сегашниот претседател на Северна Кореја, Ким Јонг Ил, кој наследи голема моќ во единствената комунистичка династија во светот, водеше едночасовна комеморативна служба пренесувана преку телевизијата. Воените лидери го фалеа Ким Ил Сунг, но исто така застанаа околу нивниот сегашен лидер и ветија дека ќе ги уништат неговите непријатели.

Под Ким Јонг Ил, Северна Кореа искуси голем економски пад и глад, но 62-годишниот лидер останува популарен.

XS
SM
MD
LG