Линкови за пристапност

Организаторите на Олимпијадата во Атина ветуваат дека се ќе се заврши навреме - 2004-07-05


Организаторите на Олимписките игри во Атина кои треба да започнат за помалку од пет недели, се во борба со времето за да ја завршат работата на спортските комплекси и транспортните системи што ќе бидат од клучно значење за успехот на игрите. Оние што се ангажирани во проектот се убедени дека се ќе биде завршено навреме.

Изминативе неколку месеци се прават очајнички напори се́ да биде завршено до 13 август, кога Игрите ќе се вратат во земјата од каде што потекнуваат. Атина во 1997 година беше избрана за домаќин на Олимпијадата, но организациските активности беа задушени од постојаните бирократски несогласувања, пробиени рокови и буџети.

Само во изминативе три години, организаторите, владата и градежните компании успејаа да ги усогласат своите активности. И од март, кога на власт дојде новата влада и ги зеде Олимписките игри како свој приоритет, во Атина постои општо чувство дека нештата се вратиле во нормален колосек.

Стратис Стратигис, првиот претседавач со организацискиот комитет е убеден дека сите олимписки капацитети навреме ќе бидат подготвени.

„Тие ќе бидат навреме завршени...Почеткот беше бавен, но финишот е со лудо темпо“, вели тој.

Кога Атина беше избрана за домаќин на Олипијадата, 70 проценти од локациите беше речиси подготвени. Но, во следните три години, бирократските несогласувања околу начинот на управување со проектите го одложи завршувањето на преостанатите 30 проценти. Г-динот Стратигис, кој во 1999 година поднел оставка на функцијата, се сеќава дека изгледало оти никој во Владата не е одговорен за тоа. „Измина една година пред да падне договор кој што ќе прави и кога... тоа исто така придонесе за зголемување на трошоците, бидејќи немаше доволно време за распишување тендери за сите тие работи“, истакнува г-динот Стратигис.

Првичниот буџет од 5,5 милијарди долари за организирање на Олимпијадата е пробиен за 30 проценти, со што вкупните трошоци досега изнесуваат 7,2 милијарди долари. Најголемото надминување на трошоците е за стаклената и метална покривна конструкција на Олимпискиот стадиум и просторното уредување за главните спортски комплекси.

Џон Хадулис, новинар на Атенс Њуз на англиски јазик, кој ги следи подготовките за Олимписките игри во изминатите три години, вели дека и покрај непродуктивното трошење на првите четири години по добивањето на правото за организиарање на Игрите, Грците конечно фатиле ритам.

„Тие успејаа да направат нешто со што очигледно ќе се гордеат. Тие успејаа седумте години работа да ги сместат во само три. Сега очигледно во светот размислуваат дека нема причина за гордеење, но тука луѓто се горди, бидејќи неверојатно е што тие успеаја да направат. Од предупредувањето во 2000 година дека можат да го изгубат организирањето на Игрите - до сегашната ситуација кога Меѓународниот олимписки комитет им честиташе“, додава тој.

Сообраќајот во Атина, кажано во најблага форма, е хаотичен, и затоа Џон Голиас, генерален секретар во Министерството за транспорт ги повикува Грците и посетителите за време на игрите да го користат јавниот сообраќај. На приватните автомобили, такси возилата и моторциклите нема да им биде дозволено да ги користат специјалните коловозни ленти наменети за автобусите што ќе ги превезуваат спортистите, новинарите и официјалните лица на различни локации. Но, како што вели самиот, ќе биде тешко да се убедат Грците да ги остават своите автомобили дома.

Новинарот Хадулис вели дека пробните настани на локациите кои тој ги посетил минале добро, и оти тие комплекси добиле признанија од меѓународните спортисти и тренери.

Покрај убиственото темпо за завршување навреме, она што Грција сега го посакува најмногу од се е традиционалното признание од претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, дека Атина ги организирала најдобрите игри досега, признание што единствено изостана во 1996 година, за време на игрите во Атланта.

XS
SM
MD
LG