Линкови за пристапност

Повторно одложено судењето на Слободан Милошевиќ - 2004-07-05


Судењето за воени злосторства на поранешниот југословенски лидер Слободан Милошевиќ во Трибуналот на ОН во Хаг денеска беше одложено заради неговата здравствена состојба.

Судијата кој претседава со случајот, Патрик Робинсон, побара радикален преглед на судскиот процес, како и на продолжувањето на судењето, со оглед на здравствените проблеми на поранешниот југословенски претседател. При донесувањето на одлуката, судијата се повика на медицинските извештаи од минатата недела.

Господинот Милошевиќ, кој има 62 години уште од почетокот на судењето во 2002 година пати од повремено зголемување на крвниот притисок, имаше и грип и страда од изнемоштеност, поради што процесот често беше одложуван заради здравствени проблеми.

Се очекува утре судиите утре да одлучат како ќе го продолжат процесот. Обвинителството ги одби сугестиите дека господинот Милошевиќ не може да го издржи судењето.

Поранешниот југословенски претседател, кој сам се брани, требаше денеска да ја започне својата одбрана. Обвинителството го заврши својот дел во февруари.

Господинот Милошевиќ е обвинет по десетици ставки за воени злосторства во Босна, Хрватска и на Косово во 90-те, каде што во текот на судирите загинаа околу 250 илјади лица. Тој, пак, инсистира дека обвиненијата се погрешни и дека тој бил миротворец. Господинот Милошевиќ има и изјавено дека трибуналот во Хаг е нелегална институција, што, како што наведува самиот, се користи за прикривање на воените злосторства спонзорирани од САД и Британија. Тој како сведоци бара да бидат повикани претседателот Клинтон и британскиот премиер Тони Блер. Господинот Милошевиќ одби да се изјасни по обвинението, но трите судии во негово име поднесоа изјаснување дека не е виновен.

XS
SM
MD
LG