Линкови за пристапност

Веб страница со одговори на сите прашања - 2004-07-02


Сакате да дознаете како функционира наводнувањето? Како работат дизел машините? Телефоните? Или нуклеарното оружје? На Интернетот постои станица со одговори на овие и други прашања, наречен „Хау стаф воркс-точка.ком“.

“Таа е токму она што го кажува нејзиното име. Таа е место каде може да дознаете како функционираат најразлични нешта. По зборовите „како“ и „функционира“, можете да напишете што сакате и да добиете одговор на тоа“. Основачот на Хау стаф воркс, Маршал Бреин објаснува дека оваа страницата ја направил речиси случајно.

“Почнав да ја правам од хоби. Се́ започна на мојата трпезариска маса, и пишував по еден напис неделно за оние работи за кои бев љубопитен. Со тек на време таа стана многу популарна и сега имаме околу 5 милиони посетители месечно, што за мене беше сосема неочекувано“, вели господинот Бреин.

Од овие 5 милиони посетители, околу 30 проценти се од земји надвор од САД, и, имајќи ги предвид популарните написи за автомобили, компјутери и слично, можете да претпоставите дека најголем дел од корсниците се мажи. Тоа е вистина, но со проширување на темите, се зголемува и бројот на кориснички на страницата.

“Првично, таа беше во најголема мерка насочена кон мажите. Но страницата се прошируваше како што пишувавме за нови теми. Сега има голем број написи што се однесуваат на широка публика и кога ќе ги додадете сите ученици, професори, новинари и луѓе од сите други професии кои ја посетуваат страницата, дојдовме до тоа дека страницата е речиси избалансирана“, вели тој.

Г-динот Бреин, кој е поранешен универзитетски предавач, говори и за двата нови написи на Хау стаф воркс-точка ком за оваа недела-мемоарите на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, објавени минатата недела и лансирањето на првата приватна ракета во вселената, „Спејшип Ван“.

“Покрај тоа што објаснуваме како работат нештата, ние исто така сме фокусирани на вестите. Доколку нешто се објави во вестите, ние често се обидуваме да одговориме на тоа во рок од 24 часа. Во однос на „Спејсшип Ван“, кога е познато дека ќе се случи такво нешто, ние претходно подготвуваме напис што ги објаснува подрбностите на таквиот настан, така што луѓето можат да го прочитаат истиот ден кога ќе се случи настанот“, вели господин Бреин.

Како работат нештата? Доколку имате конкретно прашање, обидете се да го најдете одговорот на страницата „хау стаф воркс-точка.ком“.

XS
SM
MD
LG