Линкови за пристапност

Садам Хусеин се појави пред ирачкиот суд - 2004-07-01


Под силно обезбедување на припадници на американската војска и ирачката полиција, Садам Хусеин денеска беше доведен во судницата изградена врз темелите на една од поранешните палати на Хусеин во близината на меѓународниот аеродром во Багдад.

Продуцентот за телевизиската мрежа Си-Ен-Ен, Ајман Мухелдин беше еден од малкуте новинари на кои им беше дозволен влез во судницата. Г-динот Мухелдин подоцна изјави дека поранешниот диктатор му пркосел на судот додека ирачкиот судија ги набројувал седумте обвиненија против него за злосторства против човештвото.

„Садам рече дека целиот процес бил театрален и дека ова е изведено од, како што го нарече, Буш криминалецот, само за да победи на изборите“, рече тој.

Садам потоа одбил да го потпише документот со кој потврдува дека ги познава своите права како обвинет. Ирачките претставници велат дека Хусеин и останатите притворени ќе добијат праведно судење што ќе започне за неколку месеци.

На видео снимката од процедурата, Хусеин изгледаше дека ослабил и имаше брада.

XS
SM
MD
LG