Линкови за пристапност

Македонската делегација задоволна од постигнатото на самитот на НАТО - 2004-06-29


Ова е накусо оценката на претседателот Бранко Црвенковски за постигнатото во земјата, што ја искажа кога на последниот ден она Самитот на НАТО во Истанбул имаше прилика да се обрати пред собирот.

Нешто порано, откако претседателите на Макеоднија, Албанија и Хрватска, имаа одвоена средба, сите заедно беа примени од претседателот Џорџ Буш.

По оваа средба Црвенковски изјави: “Без било какво претерување сметам дека самитот на НАТО за Македонија е голем успех. Токму она што го очекувавме и посакувавме и она на што напорно работевме – успеавме да оствариме. Македонија е посочена како земја на која се смета во идното проширување на Алијансата“.

Министерската за надворешни работи, Илинка Митрева, денеска имаше куса средба со својот американски колега Колин Пауел, при што му се заблагодарила за поддршката од САД. Кажала дека се надева оти таа ке продолжи и го изразила задоволството од македонската страна за текстот на документот, усвоен вчера, што се однесува на проширувањето. Митрева вели дека тоа е признание за Македонија дека е на прав пат.

Министерот за одбрана на Македонија исто така последниот ден на самитот го искористи за значајни средби. Од американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд, господинот Владо Бучковски вели дека добил уверување оти САД нема да се повлечат од Балканот и од партнерството со Македонија, туку напротив, дека тоа ќе се интензивира. Од британскиот секретар за одбрана, пак, Џеф Хун, во одвоена средба, тој добил исто така зборови на поддршка. “Наша крајна цел е“, рекол господинот Хун, “да ја видиме Македонија како член на НАТО и ќе направиме се тоа да се оствари“.

XS
SM
MD
LG