Линкови за пристапност

Ирачаните ќе му судат на Садам Хусеин - 2004-06-29


Соопштувајќи дека Ирак ќе го добие законскиот надзор врз поранешниот ирачки лидер, премиерот Алави вети дека Садам ќе добие судски процес каков што ирачкиот диктатор не му го овозможувал на сопствениот народ.

“На Садам ќе му биде дадено право да биде претставуван, право да назначи адвокат. И можеби ако нема пари за адвокати, владата ќе плати за да добие добра одбрана. Ве уверуваме дека тоа ќе биде праведно судење и фер судење, а не како судењата што им ги наметнувал на Ирачаните“, изјави ирачкиот привремен премиер.

Господинот Алави во четврток ќе биде изведен пред специјален ирачки истражен судија, кога формално ќе бидат презентирани обвиненијата против него. Се очекува да биде обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и за воени злосторства.

Привремениот премиер рече дека околу милион Ирачани исчезнале за време на режимот на Садан Хусеин и дека стотици илјади Ирачани се верува дека се закопани во масовни гробници.

Иако Ирак утре ќе добие законски надзор врз Садам Хусеин и врз други поранешни членови на владата, тие ќе останат под физички надзор на коалиционите сили се додека ирачките затворски служби не бидат во состојба да ја гарантираат нивната безбедност и да осугураат дека ќе бидат притворени на безбедна локација.

Господинот Алави кажа дека на Садам ќе му се суди во специјален суд што беше формиран пред неколку месеци и кој, меѓу другото, ќе истражува и ќе ги гони одговорните за воени злосторства.

Меѓутоа, тој рече дека најверојатно ќе поминат неколку месеци пред да почне судењето. Тој вети дека судскиот процес ќе биде јавен. И додаде дека некои осомничени кои се на слобода ќе им се суди во отсуство.

Американските сили го фатија поранешниот ирачки лидер во декември, северно од Багдад во неговиот роден град Тикрит.

Господинот Алави кажа дека со нетрпение го очекува денот кога ќе бидат изведени пред правдата Садам и останатите лидери на поренашниот режим.

XS
SM
MD
LG