Линкови за пристапност

Мерките на кинеската Влада за ограничување на верската слобода - 2004-06-28


Ватикан изрази загриженост во врска со апсењата на римокатоличките бискупи во Кина. Во изјавата од 23 јуни, Јоаквин Наваро Валис, портпарол на Папата Јован Павле Втори рече дека овој месец, двајца бискупи од кинеската провинција Хебеи биле притворени на неколку дена. Ватикан исто така вели дека 84-годишниот бискуп Чао Чендонг од Шанвах во северната провинција Хебеи на 27 мај исчезнал и можно е да се наоѓа во надлежност на полицијата. Кинеските претставници соопштија дека бискупот Чао по своја волја присуствувал на часови за кинеската политика во однос на религијата. Тие велат дека тој сега се вратил на своето работно место.

Односот на кинеската Влада кон тројцата римо-католички бискупи е пример за мешање во правото за слободно верско изразување на кинескиот народ. Во најновиот извештај на американскиот Стејт Департмент за Слободата на верско изразување во светот се истакнува дека кинеската Влада продолжува со лошиот третман на „голем број нерегистрирани религиозни групи и духовни движења, како што е Фалун Гонг“.

Портпаролот на Стејт Департменот Ричард Баучер соопшти дека САД оваа загриженост им ја пренеле на кинеските власти.

„Знаеме дека од регион до регион има разлики, но постојат извештаи за малтретирање, заплашување и приведување на верници. Кинескиот Устав го гарантира правото на верско убедување и верска слобода, заштитени со меѓународните акти за човекови права и ние ја повикуваме кинеската Влада да го почитува и да го заштити ова право за сите нејзини граѓани“, рече тој.

Во Кина има пет официјално признати религии-будизам, ислам, таиозам, католицизам и протестантизам. Над 100 милиони Кинези ги практикуваат овие религии во групи регистрирани во Владата и под нејзнина контрола. Но милиони други верници сакаат верското изразување да не биде под владина контрола. Како одговор на тоа, кинеската полиција затвори голем број прикриени џамии, светилишта и верски школи, како и некои римокатолички цркви и протестантски цркви сместени во куќи. Многумина верски лидери се уапсени. Некои биле малтретирани.

Во провинцијата Шинџанг, каде живеат милиони муслимани Ујгурци, кинеската Влада воведе ограничувања за изградба на џамии и држење часови за ислам. Во Тибет, монасите кои одбиваат да го осудат тибетскиот будистички духовен лидер Далај Лама се протерувани од манастирите.

Во Универзалната декларација за човекови права се вели дека „секој има право на слобода на размислување, свест и религија“. Тоа се однесува и на народот во Кина.

XS
SM
MD
LG