Линкови за пристапност

Средба Карзаи-Џонс: Дополнителен број на трупи на НАТО во Авганистан - 2004-06-25


Портпаролот на авганистанскиот претседател вели дека Хамид Карзаи и врховниот командант на НАТО разговарале за сегашните безбедносни услови и за напорите да се обезбеди значајните септемвриски избори да се одржат на време.

На средбата во Кабул денеска претседателот Карзаи го поттикна воениот шеф на НАТО, американскиот генерал Џејмс Џонс, да го исполни ветувањето за испраќање дополнителни трупи да се смири насилството од бунтовници кои се закануваат да ги пореметат изборите.

Господинот Карзаи ќе присуствува на самитот на НАТО во Тусција.

НАТО предводи мировни сили од 6 500 војници, главно лоцирани во Кабул. Се очекува на самитот да се објави дека НАТО е подготвен да ја преземе командата на четири или пет безбедносни операции во северен Авганистан и да распореди дополнителни 1200 војници за изборите.

Зборувајќи пред новинарите во Кабул порано неделава, претседателот Карзаи ја повика меѓународната заедница да одобри повеќе обезбедување за Авганистан во кој сеуште има многу насилство.

„Нам ни треба дополнителна помош за обезбедување со цел да овозможиме поголема животна сигурност на авганистанскиот народ и подобра перспектива за успешни избори преку фер и слободно гласање“, вели г-динот Карзаи.

Во последно време се зголеми бројот на нападите на владини цели, странски трупи и изборни и хуманитарни работници. Борбата меѓу различни регионални водачи исто така предизвикаа сомневање дека првите повоени избори во Авганистан ќе бидат слободни и чесни.

За најголем дел од крвопролевањето се обвинува поранешната исламска влада на земјата – Талебан.

Во денешно соопштение водечката група за човекови права Human Rights Watch, побара од НАТО веднаш да ги прошири силите во Авганистан. Групата вели дека на три месеци пред изборите, државата е притисната од несигурност и политичка репресија.

XS
SM
MD
LG