Линкови за пристапност

Саудиските власти им нудат амнестија на милитантите - 2004-06-23


Читајќи го говорот на Кралот Фахд на телевизија, крунисаниот принц Абдула на милитантите им даде еден месец да се предадат.

Тој вели дека владата ќе им даде амнестија на оние кои излегле од рамките на законот и сториле криминал во име на религијата и сеуште не се фатени. Тој вели, "Им даваме шанса од еден месец, почнувајќи од сега, да се вратат на она што е исправно." И додава, "Оние кои ќе се предадат доброволно, принцот Абдула вели дека ќе бидат третирани според Божјиот закон."

Крунисаниот принц Абдула вели дека оние кои не сториле криминал спрема други ќе бидат безбедни, а со оние кои повредиле други ќе се постапува во согласност со шаријатското право.

Нешто пред тоа. Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Сауд ал-Фејзал, им оддаде признание на безбедносните сили за неодамнешното растурање на терористичкаиќелии но кажа дека заканата останува. Зборувајќи за терористичката мрежа ал-Каида, тој кажа дека владата, со негови зборови, ќе ја гони криминалната група и ќе ја елиминира.

На арапската телевизија тој беше цитиран дека рекол оти Саудиска Арабија е определена да го искорени милитантското зло и кралството да го направи побезбедно за сите негови жители.

Саудиските сили во петокот убија четворица милитанти, меѓу кои и лидерот на ал-Каида во земјата, Абдулазис ал- Мугрин, само неколку часа откако милитантите му ја отсекле главата на американскиот заложник Пол Џонсон.

Саудијците го засилија обезбедувањето во земјата по низата напади на странски цели. САД и Британија побараа персоналот што не е неопходен да замине од земјата .

XS
SM
MD
LG