Ново истражување на јавно мислење покажува дека претседателот Буш ја губи поддршката за начинот на кој ја води војната против тероризмот и за одлуката да се изврши инвазија на Ирак.
За прв пат повеќе од половината од испитаниците во месечното истражување на јавно мислење на Вашингтон Пост и ЕјБиСи телевизијата велат дека војната во Ирак не вредело да се води.
Истражувањето покажува дека 70 проценти од Американците веруваат оти бројот на американскиоте жртви во Ирак достигнал неприфатливо ниво. Споредено со април, тоа значи зголемување за шест проценти.
Во исто време, господинот Буш бележи намалување на поддршката за начинот на водење на борбата против тероризмот, со што е доведен на исто ниво по тоа прашање со претпоставениот демократски конкурент, сенаторот од Масачусетс Џон Кери.
Запрашан за новото истражување, портпаролот на Белата Куќа Скот Мекклилан вели дека претседателот нема да се заплеткува во бројки од анкети додека продолжува да се концентрира на планот за успех во Ирак.
Господинот Мекклилан вели дека планот забележливо напредува и господинот Буш ќе продолжи да им кажува на Американците за постигнатото во помагањето на ирачкиот народ да реализираат демократска, слободна и мирна иднина.
Портпаролот на Белата Куќа вели дека Американците увидуваат дека она на што САД работат во Ирак ќе помогне светот да стане подобро и побезбедно место, и да се направи Америка побезбедна.
Новото истражување покажува дека Американците се подеднакво поделени по прашањето дали војната ги направила побезбедни, со 51 процент кои велат дека е така. Ова е наниско ниво до сега што покажува дека мнозинството верува оти војната не ја подобрило перспективата за долгорочен мир и стабилност на Блискиот Исток.
Господинот МекКлилан вели дека терористите во Ирак сакаат да ја изместат транзицијата кон демократија. Предизвиците остануваат и на тој пат ќе има тешкотии, вели тој, но претседателот ќе се држи до пораката дека Вашингтон работи кон создавање на побезбедна Америка со помагањето да се трансформира опасниот регион во светот.
Запрашани кого ќе поддржат на изборите, испитаниците на новото истражување на Вашингтон Пост и ЕјБиСи рекле дека повеќе се наклонети кон сенаторот Кери, кој води пред претседателот Буш за четири проценти. Господинот Кери добил повисоки оценки за чесност, искреност и сфаќање на проблемите на луѓето.
Претседателот Буш повисоко бил оценет од сенаторот Кери во однос на правење на државата побезбедна и за тоа каков лидер е. Цифрите за достигнувањето на претседателот во однос на економијата исто така се покачени за седум проценти од март, со што најдобро стои сега во однос на периодот од јануари со 46 проценти од испитаниците кои му даваат позитивна оценка.
Целокупната поддршка за работата што ја врши за претседателот е постојана – 47 проценти, додека неподдржувањето достигнува рекорден 51 процент.