Линкови за пристапност

Американскиот систем за воздушна одбрана бил затечен од нападите на 11 септември  - 2004-06-17


Независната Комисија вчера соопшти дека американскиот систем за воздушна одбрана бил потполно затечен од терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон во 2001 година. Американските воени претставници инсистираат дека сега би можеле да се справат со таков напад.

Во извештајот на независната, двопартиска Комисија која ги истражува нападите на 11 септември, се вели дека лошата комуникација и конфузијата довеле до потфрлање на системот за воздушна одбрана откако терористите на 11 септември ги грабнаа четирите авиони.

Една од првите индикација за проблеми дошла од комуникацијата со авионот на Американ Ерлјанс што полетал од Бостон за Лос Анѓелес. Комисијата пушти извадоци од аудио-снимката на која се смета дека се слуша гласот на водачот на терористите Мохамед Ата, кој на патниците им вели да бидат смирени.

„Никој да не мрда. Се е во ред. Ако се обидете да направите некакво движење, ќе се загрозите себеси и авионот. Само молчете“.

Комисијата вели дека контролорите на земјата биле бавни за да сфатат што се случува во воздухот, особено по навестувањата дека се грабнати уште три авиони.

Комисијата пушти и извадоци од друга снимка на која може да се слушнат неколку контролори на летање како очајнички дискутираат дали да се вмеша армијата.

"We have a problem here. We have a hijacked aircraft headed towards New York and we need you guys to, we need someone to scramble some F-16's (military jets) or something up there to help us out.

"Is this real world or exercise?"

"No, this is not an exercise, not a test."

"Ah, do we want to think about scrambling (military) aircraft?"

"Ah, God, I don't know."

"That is a decision somebody is going to have to make sometime in the next ten minutes."

"You know, everybody just left the room."

Комисијата вели дека потпретседателот Дик Чејни дал наредба воени авиони да ги соборат киднапираните авиони. Но Комисијата кажа дека оваа наредба стигнала до воените пилоти кога веќе се урнале сите четири патнички авиони.

Директорот на персоналот на Комисијата, Филип Зеликов изјави дека и воените и цивилните компоненти на националниот систем за воздушна одбрана биле едноставно затечени од настаните на 11 септември.

„Северноамериканската команда за воздушна одбрана и Федералната администрација за воздухопловство не биле подготвени за видот на напади какви што беа извршени врз САД на 11 септември 2001. Тие се бореле, во тешки околности, да импровизираат домашна одбрана против опасност без преседан, која никогаш не ја предвиделе и никогаш не биле обучувани да се соочат“, рече тој.

Американските воени претставници се трудеа да ја уверат Комисијата дека оттогаш постигнале значаен напредок.

Командантот на Северноамериканската команда за воздушна одбрана, генералот Ралф Еберхарт, кажа дека промени што се извршени во комуникацијата, подготовките и обуката ќе значат поинаков исход во случај на повторен обид за вакви напади.

„Со овие подобрувања, со извршените поправки, би можеле да ги собориме сите три авиони, сите четири авиони“, истакна тој.

Вчерашниот јавен распит беше последен за Комисијата што ги истражува нападите врз САД на 11 септември. Конечниот извештај ќе го објави кон крајот на идниот месец.

XS
SM
MD
LG