Линкови за пристапност

Нуклеарната програма на Иран - 2004-06-17


Иранскиот министер за надворешни работи Камал Карази вели дека неговата земја нема да прифати ограничувања на нејзината нуклеарна програма. Иранските претставници и кажале на Меѓународната агенција за атомска енергија дека нејзините активности се наменети за производство на електрична енергија за мирнодопски цели. Но, Иран со своите огромни нафтени извори и извори на гас има многу мала потреба од нуклеарна енергија.

Овој месец, генералниот директор на Меѓународната агенција Мохамед Ел Барадеи рече дека Иран не понудил доволно информации за неговите нуклеарни капацитети. Тој ги повикува Иранците „да бидат потранспарентни, попрецизни и подготвени за соработка“.

Од 2003 година, Меѓународната агенција ја истражува иранската програма и потврди бројни прикриени нуклеарни активности кои Иран ги преземал во текот на 18 години. Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер вели дека „Иран постојано се противел на мерките за давање гаранции оти иранската нуклеарна програма е мирољубива“. „Во најновиот извештај на генералниот директор на Агенцијата за иранската програма, има нови докази дека Иран и натаму не соработува со Агенцијата. Таму стои дека степенот на соработка на Иран со Агенцијата е незадоволителен и дека од Иран се очекува да покаже поголема соработка и целосна транспарентност“, вели тој.

Иран мора да ги исполни обврските од Договорот за неширење на нуклеарно оружје. Но екстремистичкиот режим во Иран„продолжува да не ги открива значајните проблематични аспекти на неговата нуклеарна програма“, вели г-динот Баучер. Иран „се меша, ги прекинува инспекциите и не соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија во решавањето на најзначајните прашања поврзани со неговата програма“. САД, вели, портпаролот на Стејт Департментот Баучер, бара „од Иран целосна соработка со Агенцијата го повикува да ги исполни своите повеќе пати дадени ветувања дека ќе соработува.“.

XS
SM
MD
LG