Линкови за пристапност

УНХЦР: Бројот на бегалците во светот се намалува - 2004-06-17


Агенцијата за бегалци на ОН вели дека бројот на бегалците и раселените лица во светот минатата година нагло опаднал и се наоѓа на најниско ниво во последнава деценија.

Агенцијата за бегалци вели дека бројот на бегалците опаднал насекаде во светот, а единственото мало зголемување е забележано во Западна Африка.

Портпаролот на агенцијата на ОН, Питер Кеслер вели дека намалувањето меѓу другото се должи на напорите за интерграција на агенцијата за бегалци и на другите агенции кои работат во интерес на бегалците.

„Охрабрувачки е што групите се враќаат дома, дури и во Авганистан, каде се уште постојат мошне сериозни проблеми воочи престојните избори во земјата. Исто е и со Ирак. И покрај мошне нестабилната безбедносна ситуација, во земјата спонтано се вратија преку 120.000 Ирачани, вклучувајќи дополнителни 11.000 со помош на Агенцијата за бегалци на ОН“, вели тој.

Според статистичките податоци на ОН, околу 650.000 авганистански бегалци минатата година се вратиле во своите домови заради што ја сочинуваат најголемата група која го сторила тоа. Во исто време, се вели во извештајот на ОН, Авганистанците и натаму се најголемата бегалска група, со преку два милиони распоредени во во 74 земји во светот. Веднаш по нив следат бегалците од Судан и Бурунди.

Во извештајот стои дека голем е бројот на бегалците кои се враќаат во своите домови во Ангола, Бурунди и Ирак, а во шест земји, сите во Африка, минатата година имало најмалку до сега нови бегалци, 15 илјади.

Првите пет земји каде бегалците најчесто се обраќале за азил во 2003-та се Пакистан, Иран, Германија, Танзанија и САД. Извештајот на ОН вели дека во сите нив е забележано опаѓање на бројот на бегалците од 2 до 25 проценти.

Ваквиот тренд се очекува да продолжи, вели портпаролот на агенцијата за бегалци Питер Кеслер.

XS
SM
MD
LG