Линкови за пристапност

Американската влада констатира дека умереното конзумирање на алкохол позитивно влијае на срцето - 2004-06-16


Умереното конзумирање на алкохол, што подразбира еден пијалок на ден за жените и два пијалоци дневно за мажите, не е штетно, и се чини дека претставува заштита од кардиоваскуларни заболувања, вклучувајќи ги срцевиот напад и инфарктот. Притоа се вели дека поодеднаква е користа и од пивото и од виното.

Овие откритија се базираат на анализата на десетици истражувања на оваа тема од страна на владините работници во американскиот Национален институт за алкохолизам. Заклучокот дека умереното пиење алкохол позитивно влијание на срцето ќе биде дел од новите препораки за правилна исхрана за 2005 година, што ги објавува американската Влада.

Шефот на одделот за стратешко планирање во Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам, Лорејн Ганзарат вели дека овие препораки не се однесуваат на бремените жени, возачите, алкохоличарите и оние со семејна историја на алкохолизам.

Таа исто така вели дека препораките во никој случај не значат дека луѓето треба да почнат да пијат алкохол.

„Луѓето обично на препораките гледаат како на препорачана доза за конзумирање, дека треба да се внесуваат 30 јаглерохидрати дневно и слично. Она што ние го препорачуваме е умерено конзумирање на алкохол. Тоа не треба да се смета за здрава или препорачлива доза на алкохол. Ние не велиме дека оние што не пијат алкохол, треба да почнат да го прават тоа“, вели госпоѓа Ганзерат.

Не е познато дали ова позитивно вилјание се однесува и на оние кои започнуваат со конзумирање алкохол на млади години, да речеме на 21 година и на оние кои почнуваат да пијат алкохол на 40 години.

Исто така, во владиниот извештај се наведува дека податоците покажуваат оти конзумирањето на еден пијалок дневно кај жените, ги зголемуваат шансите за заболување од рак на дојка за 10 проценти. Но доктор Ганзарат вели дека лицата со вакви и други заболувања не треба да се откажат од конзумирањето на еден пијалок дневно.

„Доколку конзумирате алкохол во умерени количини, или според напшата дефиниција еден до два пијалоци дневно, кога ќе се појават здравствени проблеми не треба да се откажете од тоа. Нема многу шанси за зголемување на ризикот“, вели Ганзерат.

Ганзарат вели дека е дојдено и до едно изненадувачко откритие - дека умереното пиење алкохол всушност има позитивно влијание кај дијабетичарите кои не се зависни од инсулин.

Во извештајот се цитираат истражувањата кои дошле до заклучок дека алкохолот очигледно го подобрува апсорбирањето на инсулинот, кој му е неопходен на телото за преработка на храната.

XS
SM
MD
LG