Господинот Гринспен вели дека економијата е во солиден пораст. И покрај тоа што стапката на растеж достигна 4,5 проценти на годишно ниво, претседавачот на Федералните резреви смета дека нема потреба за сериозна загриженост од инфлација. Според последниот извештај за инфлација, иако трошоците за живот во САД растеле побрзо од порано, годишната инфлација и натаму е под два проценти.
Тој не кажа дали централната банка ќе ги зголеми краткорочните камати на состанокот што ќе се одржи за две недели. Централната банка веќе три години не ги зголемила краткорочните камати, а повеќето камати се на ниско ниво од пред 40 години.
Господинот Гринспен беше запрашан дали се согласува дека кинеските и јапонските производи што се продаваат во САД заработуваат од вештачки одржуваниот курс на нивните валути во однос на доларот. Претседавачот Гринспен не сакаше тоа директно да го коментира, но кажа дека очекува двете земји во иднина да воздржат од манипулации со нивните валути. Тој рече дека кинеските политичари знаат дека трговскиот суфицит со САД ги влошува нивните економски проблеми.
„Оваа акумулација на долари создава проблеми кои очигледно ги зголемуваат тешкотиите во однос на истакнување на инфлацијата и неочекуваните состојби што тие се трудат, очигледно успешно, да ги избегнат“, вели Гринспен.
Господинот Гринспен сугерира дека Кинезите евентуално ќе дозволат нивната валута да скокне во однос на доларот. Претседавачот на Федералните резреви исто така не е многу загрижен за акумулирањето од страна на Кина и Јапонија на американските владини гаранции и долгови.
„Постои непроменлива побарувачка да се задржи имотот или побарувањата од американски државјани, претежно затоа што се претпоставува дека се сигурни и затоа што имаат значително поголема стапка за враќање на средства во ризични случаи за разлика од други места на светот“, истакнува господинот Гринспен.
78-годишниот Гринспен, кој сигурно ќе ја добие поддршката на Конгресот за нов четиригодишен мандат, вели дека американската економија мора да остане отворена и флексибилна за да ги издржи непредвидените економски и финансиски шокови.