Линкови за пристапност

Мелин Врвер-Вајтал Воисис: Македонската влада треба да продолжи со борбата против трговијата со луѓе - 2004-06-16


Напредокот на Македонија се должи на преземените мерки во три области во борбата против трговијата со луѓе, вели госпоѓа Врвер.

„Тоа во основа значи дека се вложени напори за заштита на жртвите на трговија со луѓе во Македонија, да им се обезбеди засолниште и да се ослободат од насилството кога избегале од рацете на криминалните мрежи кои ги донеле таму. Напредок е постигнат и кај превенцијата, а тоа значи кампања за образование, така што сите се свесни што се случува и можат да го спречат најлошото. И најважно, поведени се судски постапки против овие криминалци“, додава таа.

Најмногу поени Македонија добила со апсењето на Дилавер Бојку, еден од главните орагнизатори на овој вид криминал. Иако неговата пресуда се смета за доказ оти е вршен притисок врз судиите, како што се наведува во извештајопт на Стејт Департментот, госпоѓа Врвер смета дека е испратена важна порака.

„Мислам тоа главно покажува дека земјата овој проблем го сфаќа сериозно. На многу места, на пример во соседството на Македонија, покренати се судски процеси против мафијашки босови, но потоа тие не се осудени или добиваат лесни казни. Каква порака тоа испраќа? Дека ако сте криминалец во овој бизнис не треба многу да се грижите. Затоа, Македонија до извесно ниво може да спроведе успешно судење против криминалец во трговијата со луѓе“, вели г-ѓа Врвер.

Сепак остануваат уште многу сериозни проблеми во овој криминал во Македонија.

„Друг проблем е корупцијата, што често е катализатор за сите овие активности, катализатор што им овозможува на криминалните мрежи да дејствуваат. Тоа е потпомогнато и од официјални претставници и полицајци кои се корумпирани и тоа навистина ја отежнува ситуацијата“.

Госпоѓа Врвер од невладината Вајтал Bоисис вели дека властите во Македонија не треба сега да се опуштат, туку да ја продолжат борбата против ова зло, а за таа цел е многу важно да соработува со другите земји од регионот.

XS
SM
MD
LG