Претседателот карзаи им кажа на законодавците дека Авганистанците се благодарни на САД за поддршката и се наврати на темната ера на Талебанската репресија.
„Нашата заедничка победа во Авганистан е витална за победа врз најголемото зло со кое светот денеска се соочува, тероризмот и екстремизмот. Долго пред страшната трагедија од 11 септември 2001, терористите го подложија народот на Авганистан на незамислива бруталност и репресија. Ние бевме првите жртви на ал-Каида. Во име на Исламот, што е религијата на мир и толеранција, тие тероризираа и убија муслимани од Авганистан и ни ги одзедоа основните права. Овие свирепости продолжуваа се години, а светот не стори ништо“,рече тој.
Господинот Карзаи ги наброи достигнувањата со американска помош. Од како што рече – пресветлиот Устав со кој се воспостави демократски избрана влада, до обнова на образовниот систем во државата и здравствените служби, патниот систем и како што рече – слободата на печатото без преседан.
Членовите на Конгресот беа загрижени за напредокот во изградбата на авганистанската национална армија и полициските сили, за што американски претставници велат дека се потребни години.
Признавајќи дека има пречки на тој пат, господинот Карзаи кажа дека закана за стабилноста на владата се приватните паравојски.
„Тие продолжуваат да го репресираат народот и да го предизвикуваат законот, редот и авторитетот на владата. Авганистанскиот народ бара и инсистира разоружување и демобилизирање на приватните војски. Само со ваша помош и со помош на меѓународната заедница ние може да ја постигнеме таа неопходна цел“, додаде тој.
Господинот Карзаи предвиде дека најмалку шест до седум милиони луѓе, половина од кои се жени, ќе бидат регистрирани за изборите планирани за септември.
Многу законодавци поттикнаа поголема акција од неговата влада и американсата армија за запирање на култивацијата на опиумот и трговијата со дрога.
Господинот Карзаи е третиот странски лидер во само една година на кого му е дадена честа да се обрати пред Конгресот. Дугите беа британскиот премиер Тони Блер и шпанскиот претседател Хозе Мариа Азнар. (signed)