Линкови за пристапност

Насилствата во Ирак - 2004-06-15


Како што се приближува датумот на предавањето на суверенитетот од коалицијата предводена од САД на привремената влада, насиствата во Ирак продолжуваат. Еден од неодамна убиените функционери е Камал ал Џарах од ирачкото министерствот за образование. Во друг инцидент, беше убиен ирачкиот заменик министер за надворешни работи Басам Салих Куба.

Кондолиза Рајс, американскиот советник за национална безбедност вели дека неделите пред предавањето на власта ќе бидат тешки.

„Ова се многу жални настани, кога предавниците и терористи ги убиваат ирачките патриоти. И сигурно дека и натаму ќе има насилства, бидејќи ова се луѓе кои немаат иднина во слободен Ирак“, вели таа.

Стратегијата на терористите се чини е јасна. Секој кој соработува со ирачката привремена влада е цел на напади. Безбедноста е значајно прашање во Ирак. Гази ал Јавар, привремениот ирачки претседател вели дека терористите сакаат да го вратат Ирак во, како што ги нарекува „мрачните денови“.

„Ние сме практични. Ние сме реални. Знаеме дека немаме доволно безбедносни трупи и способности за да можеме стопорцентно да бидеме зависни од наши сили“, истакна г-динот ал Јавар.

Американскиот државен секретар Колин Пауел вели дека тероризмот нема да го запре напредокот кон слободен Ирак.

„Кога се соочувате со тешка ситуација, како што е оваа сега, кога се случуваат убиства на функционери и експлозии на бомби, луѓето тоа го гледаат на телевизија и почнуваат да прашуваат. Ние треба да продолжиме да објаснуваме зошто треба да останеме на курсот и да ги потсетуваме луѓето дека тиранијата, ужасниот режим кој полнеше масовни гробници, кој му правеше ужасни работи на својот народ и имаше дестабилизирачко влијание во регионот, сега го нема“, рече г-динот Пауел.

Кога бунтовниците ќе бидат поразени, вели државниот секретар Пауел „процесот на демократизација, пишување на уставот, изборите и обновата забрзано ќе продолжи“. И коалицијата „ќе биде таму за да му помогне на ирачкиот народ“.

XS
SM
MD
LG