Линкови за пристапност

Конгресната комисија за контрола во вооружувањето гласаше против изнесување нови информации за случајот „Абу Граиб“    - 2004-06-15


Конгресната комисија за контрола во вооружувањето, каде мнозинство се членови на Републиканската партија го спречи обидот на Демократите да се обезбедат дополнителни информации од Пентагон во врска со истрагата за наводното мачење на ирачките затвореници од страна на американски војници и цивили. „Резолуција за истрага“ е акт што може да се користи од членовите на Претставничкиот дом кога сметаат дека одреден дел на Владата не ги обезбедува сите информации што им се потребни на законодавците.

Доколку се против целта на таквата резолуција, мнозинството законодавци на ниво на комисијата, може да гласа против, со што таа резолуција, со негативна препорака, оди на глсање пред целиот Претставнички дом.

Со резолуцијата по која Комисијата гласаше вчера, од секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд се бара да достави фотографии, видео материјал и документација кои произлегле од истрагата во врска со настаните во ирачкиот затвор Абу Граиб.

Истрагата ја водеше генерал мајорот Антонио Тагуба кој за нејзиниот тек во мај сведочеше пред надлежните комисии во Сенатот и Претставничкиот дом. Тој меѓу другото истакна дека пропустите во раководството довеле до наводното малтретирање на ирачките затвореници.

Демократите вршеа притисок за отпочнување на независна конгресна истрага во врска со скандалот, велејќи дека Пентагон е бавен во одговарањето на барањата за достава на дополнителени информации.

Од друга страна, Републиканците велат дека тековните истраги би требало да бидат доволни, истакнувајќи дека Демократите бараат нови информации без претходно внимателно прегледување на илјадниците документи веќе доставени од Пентагон.

На ова одговори и конгресменот Данкан Хантер кој претседава со Комисијата за контрола во вооружувањето.

„Идејата дека повторно испраќаме порака, дека сме на некој начин попречени кога ни испратија 6.000 страници материјал и само четворица членови на Комисијата досега имаа време да ги прочитаат, нема никаква смисла. Всушност добиваме многу повеќе факти отколку што можеме да процесираме. Затоа мислам дека не треба да се занимаваме со оваа „Резолуција за истрага“, вели тој.

Но, конгресменот Ајк Скелтон, влијателен демократ во Комисијата инсистира дека во досегашните информации на Пентагон недостасуваат документи што Конгресот трееба да ги види, а за пет од нив, веќе станало збор во неодамнешните новински извештаи. „Со сета почит, ова е прашање за кредибилитет на оваа Комисија, но и повеќе од тоа, се работи за кретибилитетот за Соединетите Американски Држави да можат да водат истраги за проблемите и да имаат соодветен надзор, како што бара Уставот“, смета г-динот Скелтон.

Конгресменот Хедер Вилсон е Републиканец во Комисијата, но им се придружила на Демократите во барањето Одделот за одбрана да обезбеди дополнителни информации за настаните во Абу Граиб.

Сепак со 21 глас за и 28 против, Комисијата не го усвои ова барање на Демократите.

XS
SM
MD
LG