Линкови за пристапност

Пофалба за новите закони против трговијата со луѓе, но критики за судството  - 2004-06-14


Македонија во извештајот на Стејт Департментот добила позитивни оценки заради донесувањето на нови закони во оваа област и зголемување на судските казни за учесниците во овој криминал, но се упатуваат критики зради недостатоците во судството.

На вчерашната прес-конфренеција амбасадор Џон Милер, кој раководи со оваа програма во Стејт департментот, рече:

“Иако треба уште многу да се стори, владите преземаат се повеќе чекори да им помогнат на жртвите и да ги затворат трговците со луѓе. На пример, 24 држави изминатата година усвоиле нови, сеопфатни закони против шверцот со луѓе. Во целиот свет покренати се околу 8.000 судски постапки против трговците со бело робје и изречени се над 3.000 пресуди. Многу водечки фигури на организираниот криминал во трговијата со луѓе, од Велика Британија до Македонија, се наоѓаат во затвор“, изјави господинот Милер.

Како недостатоци во макеоднија споменуваат корупцијата и несоодветната обука на вработените во судството за успешно справување со проблемот. Сепак, биле донесени пресуди во 19 судски случаи за трговија со луѓе, кои биле потврдени и по жалбите во Врховниот суд.

Во извештајот се издвојува случајот дека на Дилавер Бојку, кому повторно му се суди заради несоодветната пресуда и доказите дека можеби бил вршен притисок врз судиите.

Стејт Департменот, меѓу другото препорачува поефикасна заштита на судиите и обвинителите кои работат на случаите со трговија со луѓе, како и проширување на програмите за превенција.

Во извештајот на Стејт Департјментот Македонија и натаму се смета за транзитна земја и држава крајна дестинација за трговија со жени и деца кои сексуално се злоупотребуваат. Најчесто тие потекнуваат од поранешните советски републики и Источна Европа, а најмногу од Украина, Молдавија, Романија и Бугарија. Некои од жртвите се пренесуваат преку Македонија во Албанија, Србија и Црна Гора и во Западна Европа. Извештајот забележува дека во оваа незаконита активност се вклучени и жени од Македонија заради сексуално искористување.

Но кај превенцијата, македонската Влада, според Стејт департментот, не прави речиси ништо. Наместо централна стратегија за превенција на овој криминал, владата во Макеодонија се одлучила да се потпре на невладините организации. Доказ за тоа е што Националната комисија за борба против трговијата со луѓе не е потполно активна, додека во националниот акционен план нема поставено рокови.

Позитивно се оценува работата на владиниот Транзитен прифатен центар каде што им се помогнало на 143 жени, од кои 14 биле под 18-годишна возраст.

Во извештајот на Стејт Департменот се наведува дека покрај 10-те држави кои се наоѓаат на црната листа, составен е и список на држави кои се набљудуваат, а кои не ги исполниле американските стандарди за борба против трговијата со луѓе.

На црниот список се наоѓаат Бангладеш Бурма, Куба, Еквадор, Екваторска Гвинеја, Гвајана, Северна Кореја, Сиера Леоне, Судан и Венецуела.

Неколку земји што беа вклучени во минатогодишниот извештај, заради напредокот во борбата против ова зло, годинава се изоставени. Меѓу нив, покрај Турција, Грција, Белизе и Доминиканската Република, се наоѓа и Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG