Линкови за пристапност

Србија: Најмногу гласови за кандидатот на националистите  - 2004-06-14


Додека вчера во многу поранешни комунистички земји во Источна Европа за прв пат се гласаше за Европскиот парламент, повеќето гласачи во Србија по четврти пат во изминатите 18 месеци се обидоа да изберат шеф на државата.

Според првчните резултати, речиси еден од тројца гласале за Томислав Николиќ од ултранационалистичката Српска радикална партија, на чиј лидер Воислав Шешељ му се суди во Трибуналот на ОН во Хаг по обвиненија за воени злосторства извршени за време на балканските конфликти во 90-те.

Главниот противник на господинот Николиќ, Борис Тадиќ од про-запоадната Демократска Партија е на второто место со 28 отсто од гласовите.

Бидејќи ниту еден кандидат не освои над 50 отсто гласови што се потребни за победа, на 27 јуни ќе се одржи втор круг од изборите.

Исходот од гласањето беше голем неуспех за кандидатот на владејачката реформистичка партија, Драган Маршичанин и за најбогатиот српски бизнисмен, милионерот Богољуб Кариќ. И двајцата освоија многу малку гласови и не се пласираа за вториот круг избори.

Според медиумските извештаи, некои западни дипломати и аналитичари стравуваат дека ако господинот Николиќ стане претседател на Србија, ќе ја изолира земјата со уривање на про-западната малцинска влада и ќе ги истера странските инвеститори. Соработката со Хаг е од круцијално значење за идната помош од САД и до Европа, кои донираат милиони долари економска помош во оваа осиромашена земја.

Но партијата на господинот Николиќ индицира дека доколку тој победи на изборите, нема да соработува во екстрадиција на Срби во трибуналот за воени злосторства на ОН во Хаг.

Тој исто така вети дека ако биде избран ќе изврши притисок за одржување на предвремени парламентарни избори за да овозможи неговата радикална партија да ја спроведе својата политика.

Некои политичари реформисти се уште се надеваат дека госпдоинот Николиќ ќе изгуби и синоќа изјавува дека гласачите сепак може да го поддржат господинот Тадиќ.

Тие се надеваат дека Србите ќе се сетат оти Демократската партија на господинот Тадиќ ги предводеше демократските и економските реформи по соборувањето на господинот Милошевиќ во 2000-та година.

XS
SM
MD
LG