Десетици Ирачани се собраа на локацијата на сериозно оштетената станбена зграда, обидувајќи се очајнички да пронајдат луѓе заробени под урнатините .
Неколку метри подалеку, амбулантно возило со неколку критично повредени Ирачани се обидува да маневрира низ густиот чад предизвикан од запалено возило и парчињата метал со кои е покриена улицата.
Зградата на плоштадот Тахир во центарот на Багдад беше разурната од експлозијата заедно со неколку околни продавници што билле на растојание од неколку километри.
Сведок, кој не сакаше да биде идентификуван вели дека го видел возачот н на црвено возило кој се оденсувал сомнително непосредно пред возилото да експлодира.
Сведокот вели дека возачот го довезол возилото низ сообраќајот во близина на три автомобили во кои имало лица од Запад. Тој тогаш ќе видел сите три возила како експлодирале наеднаш.
Ирачкиот привремен премиер Ијад Алави на новинарите им кажа дека самоубиствениот бомбаш целел на западните електроинженери во конвој. Тој кажа дека петмина лица од Запад вклучително еден Француз и двајца Британци , биле убиени и тројца други полесно ранети.
Експлозијата беше втор самоубиствен напад во ирачкиот главен град во последните 24 часа и 17 ваков инцидент месецов. Насилството се совпаѓа со бранот атентати и обиди за атентати последнава недела, чија цел се претставници на привремената влада.