Линкови за пристапност

Вашингтон му оддаде последна почит на починатиот претседател  - 2004-06-11


Ритуалот на жалење, почит и сеќавање беше на грандиозно ниво во целиот тек на настаните последниве денови, кои мазно се претопуваат еден во друг, додека медиумите и подарија големо внимание на 82-годишната вдовица, Ненси Реган.

Сместена во Гостинската Куќа во непосредна близина на Белата Куќа, таа утринава се приклучи на групата од 4.000 лица во Националната катедрала на Вашингтон.

Во објектот што беше граден 83 години и денес е шеста по големина катедрала во светот, претседателот Џорџ Буш кажа: „Го изгубивме Роналд Реган само пред неколку дена, но ни недостигаше долго време“.

На крајот на погребната свеченост во Вашингтон ѕвоното на Катедралата се огласи 40 пати, претставувајќи го местото на господинот Реган како 40 претседател на американската нација.

Пораката што господинот Реган ја остава во наследство на лидерите, но која е длабоко впиена во битието на обичниот граѓанин кој ги допрел неговите претседателски години, е - оптимизам и надеж дека подобри времиња доаѓаат. Но пред се – тој за оваа нација ја симболизира гордоста да се биде Американцец.

Од дождливиот и празничен Вашингтон, што на некој начин се совпадна со расположението во градот, каде обезбедувањето беше густо положено по улиците, а зад кое граѓаните се обидуваат да фатат глетка од колоната автомобили, посмртните останки на Роналд Реган беа испратени за Калифорнија. Таму, во неговата претседателска библиотека, на залез на сонцето ќе се одржи погребот.

XS
SM
MD
LG